Што прават денеска
Филип Николовски
„Талент бокс“
И овој, како и вчерашниот ден комплетно ми минува во знакот на „Бајага и инструктори“ и вториот концерт што ќе се одржи вечерва во Универзална сала. Преку ден ме очекуваат неколку ТВ-гостувања со гостите, а вечерва се надевам дека ќе ја повториме вчерашната атмосфера и повторно ќе имаме убав концерт и полна сала.
Вики Ристоска
уредничка на „Лилипут“
Станувам во 7 часот, следува првото утринско кафе и веднаш потоа стартува подготовката за снимање, што вклучува дружење со студио „Ин“ и Маги, па собирање на мојата весела дружина со која заедно ќе бидеме гости во „Ми-да моторс“ каде што имаме снимање прилог за најновото издание на „Лилипут“. Попладневниот дел од денот ми е резервиран за слушателите на „Метрополис“, а вечерниот за мојата весела семејна дружина.
Роберт Билбилов
музичар
Деновиве сум нонстоп во студио. Интензивно работам на песните за мојот нов втор албум, а паралелно со него подготвувам и песни за други изведувачи. Во меѓувреме, секој слободен момент го крадам за да поминам време во игра и забава со мојот син Давид. |