Реџо Балиќ
радиоводител
Според временската прогноза, очекувам денешниот ден да го минам снежно, т.е. да уживам во снегот, гледајќи го од прозорец. Всушност, денот ми е вообичаено саботен, без некои големи работни обврски, но, за жал, и без некоја претпразнична атмосфера. Се надевам дека снегот ќе ни донесе барем некаков новогодишен дух.
Борче Христов
фудбалски тренер
По успешната есенска сезона со второпласираниот тим во Азербејџан - „Баку“, каде што работам како асистент на шефот на стручниот штаб, Ѓоко Хаџиевски, и со поранешниот голман на Вардар, Муарем Зекир, дојдов во Скопје да ги минам новогодишните празници со семејството и со пријателите. Одморот ќе биде кус, но го испланирав времето да се видам со сите мои поранешни клупски колеги и тренери.
Саше Петковски
претс. на Совет на Опш. Аеродром
Секој ден се судирам со големи проблеми поради незаконската работа и самоволие на градоначалникот Кирил Тодоровски. Благодарение на сплотеноста на сите членови на Советот, се обидуваме заеднички да ги решаваме проблемите што секојдневно ги иницира Тодоровски. |