Дневен хороскоп
Овен
Пожелно е да започнете со менување на ставовите за околината, бидејќи ги губите позициите кај луѓето. Партнерот очекува од вас да ја градите врската на доверба, но има чувство дека постојано нешто се обидувате да скриете. Размислете добро дали ја одбравте правилната стратегија на заведување.
Бик
Романтичното сонување и емотивниот набој што се изразени деновиве ќе ги фрлат во секундарен план вашите професионални активности. Убаво е чувството да се биде сакан, но не заборавајте дека работата нема кој да ви ја заврши доколку сами не го сторите тоа.
Близнаци
Денес ви е изразено двоумењето помеѓу две нешта од кои зависи донесувањето на конечна одлука. Можеби ви изгледа нереално, но за вас во периодов се отворени сите шанси за успех. Доколку погледнете малку отстрана, ќе забележите дека некој постојано се обидува да ве шармира.
Рак
Мудро молчите во врска со некоја тајна што знаете дека би можела да им наштети на многумина. Не избрзувајте да им се доверите на најблиските и оставете малку да стивнат работите сами по себе. Ви претстои поволен период за започнување нова или за стабилизирање на старата љубовна врска.
Лав
Деновиве практично размислувате и се подготвувате за нештата од кои ќе имате лична корист. Вашата природа не дозволува да се заморувате со проблемите на другите ниту, пак, да бидете нечие рамо за плачење. Уживајте во убавите моменти со партнерот.
Девица
Забава, љубов, алкохол и цигари се нештата кои ќе ви го одбележат денот. Премногу се олабавивте со предновогодишното славење, па заборавате дека вашето здравје е чувствително. Можеби е подобро да го намалите темпото и несоницата да ја замените со мирен сон.
Скорпија
Судирите кои ќе настанат во односот со партнерот се последица на индиферентниот однос кон спротивниот пол. Не сте секогаш во право затоа што и партнерот има нешто да ви каже. Ви претстои успешна комуникација со соработниците и патување кое добро ќе ви дојде. Близнаците влијаат одлично на вас.
Стрелец
Доколку успеете да ја пронајдете златната средина помеѓу материјалните и духовните вредности, ќе се чувствувате одлично и ќе најдете одличен начин да функционирате. Претерувањето во кој било сегмент од животот значи и процес на парализирање на здравјето.
Јарец
Изразена ви е страната за флертување, бидејќи околу вас постојано има некој кој умее да ви ја разбуди страста. Треба да научите да бидете умерени во се', зашто тоа е најдобрата насока за вашето функционирање. Претпазливо анализирајте го однесувањето на блиското лице, важно е повремено да ги слушнете желбите или емотивните пораки на партнерот.
Водолија
Нема потреба да ги искушувате соработниците во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Насочете ги своите мисли во позитивен правец. Партнерот постојано е на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција.
Риби
Проблеми можат да настанат од вашите големи желба за критикување на другите и наметнување на ставовите. Какви било компромиси за вас не важат, бидејќи вие сте лидер што ги поставува правилата на игра. Нема потреба да ги зголемувате потребите во однос со саканото лице.
|