Македонските Американци можат да ги отворат вратите за комуникација со потенцијалните инвеститори
Александрија Стевковска
„Јас им помагам на роднините и на пријателите. Јас не сум инвеститор и поради тоа немам инвестирано во никоја држава во светот, па ни во Македонија. Тоа не е мојот бизнис. Единствено што можам да и' дадам на мојата држава е искуството и контактите“, вака ги оцени ефектите од двегодишното функционирање на проектот „Македонија 2025“ и своето учество во него, еден од неговите лидери Мајк Зафировски. Тој, заедно со останатите директори, кои се дел од бордот директори на „Македонија 2025“, Македонци кои пред години се иселиле од земјава и станале успешни бизнисмени во Америка, вчера се сретнаа со овдешните директори, со цел да дознаат до каде е земјава во развивањето можности за привлекување странски инвестиции и да дадат насоки како тие да се подобрат. Нивните согледувања досега се дека Македонија е на добар пат за економски просперитет, но треба уште многу да се изоди за земјава да стане привлечна дестинација на повеќе инвестиции. Тие, како македонски Американци, единствено што можат е да ги отворат вратите за комуникација меѓу Македонија и потенцијалните инвеститори и евентуално да помогнат преку вработување Македонци во нивните компании во Америка.
„Најголемото достигнување на ’Македонија 2025’ е тоа што ги отворивме вратите за комуникација со многу странски компании кои се запознаа со можностите за вложување овде и со потенцијалите што ги поседува оваа земја“, објасни Зафировски. Заеднички став на бордот директори на „Македонија 2025“, каде што, освен Зафировски, членуваат и Емил Христов, Роберт Арсов, Алекс Кормушов и Митре Кутановски, е дека Македонија мора да инвестира во образование и нова технологија.
„Македонија треба да вложува во образование и во нова технологија ако сака да биде силна и успешна економија, а напорите да ги насочи не само кон привлекување инвестиции, туку и кон отворање нови пазари со цел поголем извоз“, порачаа членовите на бордот директори на „Македонија 2025“. „Нашиот совет е развој на економијата, која е најважен приоритет, посветеност за подобрено образование и работна сила, со цел подобра иднина за следната генерација Македонци“, додаде Зафировски.
Нивната оцена е дека Македонија се движи во вистинската насока, но дека, сепак, останува уште многу да се сработи. „За економски развој треба вистинска акција. Последните четири години земјава бележи прогрес во повеќе сфери, но напорите за подобрување на состојбите мора да продолжат“, рече Зафировски, додавајќи дека се' уште еден од клучните проблеми е високата стапка на невработеност, додека буџетскиот дефицит е на ниско ниво.
Македонија треба да им покаже на потенцијалните инвеститори дека има кадар и инфраструктура. Според бордот директори, странските компании поради глобалната криза ги ограничиле инвестициите и се' уште се соочуваат со предизвиците што се последица од кризата.
Христов, Арсов, Кормушов, Кутановски и Зафировски, кои се успешни македонски бизнисмени во САД, вчера имаа работна средба со претставници од домашни фирми, на која им беа посочени актуелните проблеми во стопанството. Бордот директори ќе им помогне со совети, сугестии и предлози на компаниите од земјава во делот на освојување нови пазари, привлекување инвестиции, развој на информатичка технологија и глобализација на бизнисите. Денеска бордот ќе има средба со премиерот Никола Груевски и други високи претставници од Владата.
Според профилот што го има „Македонија 2025“, таа треба да биде независна и неполитичка организација, предводена од успешни македонски бизнисмени од дијаспората посветени на зајакнување и подобрување на економијата на Македонија.
Ti blagodarime za podrskata sonarodniku Majk(neznam dali ti e ova pravo ime ili imas nekoe Makedonsko,a i ne e bitno)no kako i sto samiot si napomenal,ovde ne mislis da investiras.Nemisli ni nikoj koj e normalen i zdrav ovde da investira,a uste pomalku pa da sedi na masa so onie jadni promotori i da trosi vreme so takvi kako niv.Prav biznismen za da investira nekade prvo prasuva:1/Kako se trosat parite od danokot koj go plaka.2/kako se naplakaat dolgovite.3/koj mu e konkurencija i dali taa konkurencija e zastitena od politicarite/mafijasite.4/ke mu treba li vo toj slucaj body guard za da ostane ziv...i uste mnogu mnogu"interesni"prasanja ke prasaat za koj nemam prostor da gi napisam.Pa ako gi znaes odgovorite na barem ovie 3-4 prasanja napisani pogore,ke ti stane jasno deka dzabe lobiras i se trudis,bidejki normalen biznismen ne doaga ovde, a bagabondi,lovci vo matno i belosvetski hohstapleri(ako imas takvi vo drustvoto)isprati ni gi.Na cena ovde se sega takvite.
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 02.09.2010 01:08:38
.Podinci od ovaa bratija ne samo sto nemaat nekakov "biznis" tuku se zanimavaat so sverc koristejki ja na toj nacin svojata "sakana" Makedonija.Imame vo drzavava mladi i pametni lugje da im dademe sansa,toa ni e edinsven spas.Koga gi slusam sto zboruvaat mi se cini deka sme pocnale so gjavolot tikvi da sadime.
Од: Трпе
Датум: 02.09.2010 07:43:47
Кога се купува лубеница,се чука за да се провери дека е зрла.Но Македонија,место да созрева останува зелена поради примената или непримената на законите од власта.Која ги злоупотребува само за лични интереси.А овие од дијаспората гледајки ја неспособноста на власта,сакат да изиграват само да солат памет.Тие се најбучни за името кое не го дават а сопствените имиња од интерес во странство ги имат променетѕо.(Мајкл,Џорџ ,Мартин ,тоа се чисто македонски имиња)
Од: забеган.
Датум: 02.09.2010 08:17:55
Јаки бизнисмени донирале дури и АЛИШТА.Абре ајде одетеси од кај сте дошле.Се накркавте и ни кажувате сонови.За Алишта дојдете јас ќе ве облечам од глава до петици и тоа не со стари него со нови алишта.Ај сега да го слушнам ГРУЈА дали овие ќе гласат и ќе мија кројат судбината овде.
Од: dr
Датум: 02.09.2010 09:16:02
Како не ви е непријатно да отстапувате простор на луѓе кои, како што сами кажуваат, најмногу и помогнале на нивната ,,сакана земја,, со контејнери на користена облека, замислете бесплатно и со вработување на тук и таму по некој Македонец. Најверојатно затоа така ни иде и со промоторите бидејќи учат од нив а се надевам и дека и владата откога ќе ги прими ќе договори да им испратиме контејнер користени свирчиња за да лобираат низ светот.
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 02.09.2010 10:02:10
Толку од помошта!Токму како и Акцијата на Џорџ за „спасување на името“!Тие,нашите сонародници,одамна иселени во странство,со срцето и душата се тука,но со умот се далеку од неа,на сосема друго место,онаму каде тоа им ја одредува длабочината на џебот!Едниот „не вложува,заради светската криза“,заборавил пастирот да му повтори дека Криза,кај нас нема!Вториот праќа „работи во контејнери“(партали,ѓубре,што ли?),а третиот нè очекува,сите да се Иселиме,па можеби ќе не прими на работа!А што ли очекувавте од „патриоти“кои ниту својот јазик не си го научиле (Кој знае дали воопшто некогаш и го познавале?),но едвај чекаат да се вмешаат во политичките одлуки за иднината на земјава?!��чигледно во 2025-та ќе го сменат името во „Македонија 3125“,а дотогаш...Кој знае?Можеби ќе стигнат и на раководни функции во земјава!
Од: od citatel
Датум: 02.09.2010 10:55:16
Od kaj gi najdoa mediumite ovie osmoodelenci od dijasporata za da im go potpolnuvaat vremeto. Ete kako ne gledaat nasite gasterbajteri -vo stari alista, iznoseni od niv i koj znae kakvi kopuci. Ama za imeto glava krsat, pogolemi patriti od niv osven VMRO-ovcinjata nemalo. Jadna Makedonija koj se treba da te spasuva.
Од: MARK
Датум: 02.09.2010 11:18:51
Eve na koj treba da im ovozmozime da glasaat i taka da ni ja krojat sudbinata a niv bas gi boli za Makedonija duri bez sram kazuvaat srede Skopje pomagale so stari alista e toa e DPMNE koga nema resenija prvo go vikna golemijot Gjorgji Atanasovski da negodava imetio a toj si go smenil svoeto a sega nekoj Majk Zafirovski koj ni doniral stari iznoseni alista dojde da mu pomaga na Grujo neznaeki deka na Grujo zaedno nemozat da mu pomognat Obama i Medvedev e moram da kazam sekoja cest na gospogja Merkel gi cita VMROVCINAVA kako bukvar gi vide stose i ic negi esapi no onoj debelion izgleda definitivno ke go spasi so nedovetnite izjavi za 1995 koga toj ne ni sonuval deka ke bide evropratenik napred prerodbenici sto pobrgo zaminete toa podobro
Од: Toronto- iselenik
Датум: 02.09.2010 12:38:39
Gospodinot Zafirovski tuka go bankrotira Nortel vo Kanada. Covekot ima etiketa na Mnogu ne uspesen Biznismen ,Bukvalno bese izbrkan poradi nesposobnost i aferite sto gi napravi vo Nortel.Sega gledam soli pamet vo Makedonija. Tuka se falese deka ima broj od Mobilen od Premierot i mozel da mu se javi vo sekoe vreme. Kakov e toj Premier koga mu se javuvaat vakvi karakteri?
Од: јас
Датум: 02.09.2010 13:17:13
И вчера на ТВ овие креатури , да не ги наречам уште попогрдно , па да бидам цензуриран, НИ СОЛЕА ПАМЕТ ?! Со нивните немакедонски имиња , непознавање на македонскиот јазик ни „држеа предавања “ дека еве тие СЕ’ ПРАВЕЛЕ за МАкедонија!! Дури и контејнери со стари алишта ни праќале ( како само гордо се фалеше тој „бизнисмен“ со старите алишта, па не сме ние од Бијафра , па Црвен крст да ни праќа алишта).А за инвестиции ,ТЕШКО БОГАМИ !!! Од авион се виде дека се донесени од нашите ни портокали и пастирот за да ни кажат дека овие креатури ќе ни седат во парламент и ќе ни ја кројат судбината...Малку ни се пилиштарите во блада и п(л)ратениците со инсталирано далечинско во главата , па сега и овие „јаки “ бизнисмени..МОРЕ АЈДЕ МАРШ ОД ТАМУ ОД КАЈ ШТО СТЕ ДОШЛЕ , НИ ВИЕ НИ ВАШИТЕ ПАРТАЛИ !!!!!!!!!!!
Од: Americanec od kavadarci
Датум: 02.09.2010 14:34:17
Абре Македонче
Ем си шуто ем пробуваш да бодеш
Тие луѓе што ги гледавте на телевизија, инивните пријатели во Македонија се толку способни и со толку голема репутација бо Америка, која што е постигната со работа и со борба ниту таковците нивни ниту мајките ниту роднините им помогнале да стигнат таму каде што се. Ниту пак некој корумпиран политичар.
Митре е мулти милионер кој што нема потреба ниту да помисли на Македонија, половина Main Street vo Crown Point IN е негова и околу 2 километри покрај главниот автопат во Индиана се негови. Тој човек и генерациите што доаѓаат по него( синови,керки,внучиња итн) се финансиски обезбедени, и сето тоа го створил сам, и пак знае да се облече во работнички алишта и да работи барабар со работниците негови. Тоа е што вие овде во Македонија треба да го научите. А не дај Митре пари не давај памет. ама ако ви дадат пари вие немате ум како да ги потрошите. Познато е во светот, ако не знаеш како да заработиш, немаш појма као да трошиш
Од: 2025
Датум: 02.09.2010 15:39:22
До 2025 ли да ги чекаме? Досега, што чекаа? Ако ја дочекаме 2025 и без нив ќе ни` биде добро. Аман, од оние кои би дале 2 долара за Македонија да бидит ол-рајт.