Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Во август поскапо за 1,9 отсто

Речиси два процента изнесувала инфлацијата во август во земјава. Поточно, како што пресметале државните статистичари, трошоците за живеење во август во Македонија бележат пораст од 1,9 отсто на годишно ниво, а тоа е клучен показател за мерење на инфлацијата.

Истовремено цените на мало пораснале за 2,5 отсто во споредба со август 2009 година.

Споредено на месечно ниво, трошоците за живеење бележат по��аст од 0,1 отсто во однос на јули, а индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто. Од прехранбените продукти во август е забележан пораст на цените на мастите, јајцата, преработениот и конзервираниот зеленчук и на месото. Во август, пораст на индексите на трошоците за живеење е забележан и кај централното греење, средствата за образование и кај административните услуги. Намалување на цените на месечно ниво е забележано кај овошјето, зеленчукот, свежото млеко, млечните производи, безалкохолните пијалаци, производите од жито и преработките од месо.

Вредноста на потрошувачката кошничка за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во август 2010 година изнесува 11.891 денари и во однос на претходниот месец е на исто ниво. Токму критериумот по кој се мери потрошувачката кошничка, во последниов период наиде на лавина реакции во јавноста. Многумина сметаат дека содржината на потрошувачката кошничка на статистичарите не соодветствува со реалните потреби на едно четиричлено семејство. ССМ неодамна најави иницијатива за формирање таканаречена синдикална кошничка, која ��и давала реална слика за материјално-економските трошоци на едно семејство. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 495 пати.

Испрати коментар

Од: terezija
Датум: 02.09.2010 08:10:07
Aj ne izmisluvajte 'gluposti'... Arno reche Premierot ; "Mnogu poubavo ziveete sega, samo ne ste go osetile toa... koj porano (10%) koj pokasno (90%) no sepak koga-togash (po mene NIKOGASH) ke sme go osetele toj "blagodet"..?!
Од: Розе
Датум: 02.09.2010 10:04:40
Наградното прашање гласи: За колку се „зголемени“ платите?
Од: od citatel
Датум: 02.09.2010 10:10:46
Ve molam kakva inflacija. Premierot ni kazuva kako nie makedoncinjata ziveeme kako 'bubreg vo loj'. Vie mediumite ili ' ne ste patrioti' ili pak 'sakate da mu nastetite na premierot'. Ve molam pisuvajte kako 'sta sakaat' Gruevski i Stavrevski, a pak nie samo ke pluskame.

Најди! во Утрински
Економија
До парче леб преку работа на црно во странство
„Македонија 2025“ помага на пријатели
„Т-мобиле“ и „Т-хоум“ услуги со една претплата
„Оне“ со пакет до 12 месеци без претплата