Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Писма

Кога писател отстранува писатели

Викториjа Поповска, професор, Скопје

Или: Одговорноста на редакторот Гане Тодоровски за енциклопедијата на МАНУ



Енциклопедијата на МАНУ е промашување, бидејќи е некомплетна, со многу пропусти и грешки, но не само по вина на академик Блаже Ристовски, туку многу повеќе поради несериозниот пристап и некомпетентноста на неговите најблиски соработници. Но, неговите најблиски соработници сега никаде ги нема. Кога требало да земаат хонорари тие биле тука, а сега сите фатија магла, па кутриот Блаже Ристовски одвај остана жив од рафалните фронтални напади на медиумите, институциите, партиите, но и огромниот број огорчени поединци. Се чини, незадоволни се и оние што се застапени во енциклопедијата на МАНУ, но што да речат оние што сосема неосновано и неправедно воопшто ги нема во енциклопедијата на МАНУ?!

А најблизок соработник на Ристовски за делот од литературата е никој друг, туку академик Гане Тодоровски. Тој и досега со своите постапки е познат како човек кој многу лесно и многу брзо менува страна кога се во прашање неговите лични интереси. Сега и тој мудро (читајте: кукавички) молчи и воопшто не се огласува, божем не се вознемирува од жестоките реагирања за неадекватните прилози во врска со книжевноста и книжевните творци во енциклопедијата на МАНУ. Најверојатно академик Тодоровски прави план како да влезе и во новата редакција, што ќе биде погрешно и погубно.

Во врска со енциклопедијата на МАНУ, од страна на писателите реагираа академиците Милан Ѓурчинов и Радован Павловски. Но, еве и ние сега сакаме да укажеме само на неколку пропусти, иако нив ги има толку многу што навистина нема друго решение, освен да се подготви сосема ново издание. Но, никако членовите на старата Редакција немаат кредибилитет повторно да бидат ангажирани, зашто пак би ја подготвиле истата енциклопедија со мали корекции и модификации, што не е дозволиво и нема да биде доволно.

Енциклопедијата на МАНУ е плод и резултат на нејзините подготвувачи, кои во своето работење не успеале да се надминат себеси и како да подзаборавиле дека тоа не е нивна лична книга, туку енциклопедија на МАНУ во која не се застапуваат личности според својот личен вкус и критериум, туку според нивните биографии, дела, награди и други заслуги. А Гане Тодоровски и овојпат се ставил во улога на цензор, па се пресметувал не само со живи, туку и со покојни автори! Така, замислете, во книгата има пејачи, актери, спортисти, коментатори од трета класа и што се' не друго, но нема многубројни врвни личности, па и писатели. За да не излезе списокот на онеоправданите поголем од оној на застапените, ќе се ограничиме само на дел од нив и тоа само на писателите. Значи, во енциклопедијата на МАНУ воопшто ги нема: Никола Маџиров, Лидија Димковска, Кица Барџиева-Колбе, Југослав Петровски, Христо Петрески, Роберт Алаѓозовски, Љупчо Силјановски, Љупчо Димитровски, Христо Крстевски, Трајче Крстески, Јагода Михајловска-Георгиева, Сашо Гигов-Гиш, Лилјана Дирјан, Игор Исаковски, Зоран Ковачевски, Велко Неделковски, Миле Неделкоски, Александар Поповски, Јовица Тасевски-Етернијан, Елена Кожухарова, Благој Самоников, Петко Домазетовски, Владо Димовски, Киро Донев, Ванчо Полазаревски, Доне Пановски, Георги Арсовски, Милутин Бебековски, Генади Болиновски, Душко Аврамов, Виолета Танчева-Златева, Радован П. Цветковски, Алдо Климан, Виктор Шеќеровски, Кире Неделковски, Синиша Станковиќ, Стево Симски, Славе Банар, Тоде Илиевски, Петар Башески, Љубомир Груевски, Перо Миленкоски, Петар Костов, Олга Арбуљевска, Лилјана Белева, Бобан Богатиновски, Кирил Бујуклиев, Иван Василевски, Вања Изова-Велева, Косара Гочкова, Петре Димовски, Вецко Домазетовски, Алексадар Ежов, Цане Здравковски, Рајко Јовчевски, Блаже Китанов, Борче Панов, Методи Манев, Славка Манева, Ефтим Манев, Миле Маневски, Ленче Милошевска, Драгица Најческа, Кристона Николовска, Живко Новески, Димитар Пандев, Ана Пејчинова, Радослав Петковски, Владимир Плавевски, Васил Пујовски, Душко Родев, Милован Стефановски, Ефтим Таковски, Љубен Ташковски, Радмила Трифуновска, Ивица Челиковиќ и уште толку други, кои се носители на врвни републички, па и на меѓународни признанија, автори на десетици книги, вклучени во лектирите и учебниците...

Па, Гане и останати суетни и осветољубиви писатели нека ви е на чест! Ќе се засрамите ли некогаш кога некои од незастапените повторно ќе добијат републички и меѓународни награди и признанија и нив ќе ги слават не само во Републиката, туку и надвор од неа, зашто вие писателите им судите и ги елиминирате токму писателите кои се нашата гордост и авангарда? Нивната иднина најмалку зависи од вас и од вашата промашена енциклопедија. Но, како може(в)те да го згазите и да го омаловажите нивниот досегашен труд и фактите пред кои и боговите молчат, а вие продолжувате да правите манипулации и мистификации, за жал, со нашите пари и на сметка на нашата татковина.

И за крај, само уште еден податок: во енциклопедијата на МАНУ, академик Гане Тодоровски се појавува во четворна улога: како редактор, член на Советот на Лексикографскиот центар, член на Главната редакција, па дури и како автор на био-библиографски едиции.

Браво, честитки за неуспехот!

 


#
Статијата е прочитана 742 пати.

Испрати коментар

Од: mitko ne gi cital
Датум: 02.12.2009 00:39:36
Koi ti se site tie? Najgolema tragedija na Enciklopedijata e sto go nema mitskiot skopski poet Branimir Djoni Stulic. Si cula li ti za nego? Bese edeno od vodacite na nasata generacija.
Од: Clen na DPM
Датум: 02.12.2009 01:10:02
Poradi takvite kako Gane Todorovski i negovite poltroni i nezasitni sledbenici i imitatori, Drustvoto na pisatelite na Makedonija denes e svedeno na mizerna birtija bez recisi nikakva poseriozna eticka pozicija vo opstestvoto.
Од: mene
Датум: 02.12.2009 08:10:02
Pocituvana Gospogjo, i sama napisavte deka ti e se samo sorabotnici. Eden e glaven i odgovoren i od nego zavisi kako ke se postavat ostanatite (dali ke zemaat honorari ili ne, dali ke rabotat ekspeditivno i tocno ili ne itn.). ve molam so vakvi smesni prikazni mozete da nastapite na drugo mesto (mozebi vo gradinka). zatoa direktorite, sefovite, pretsedatelite, sekogas imaat najvisoki primanja, no i najgolema odgovornost, zatoa sto plakaat za greskite i na onie pod niv.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2009 08:21:01
Драга г-ѓо денеска му го расипавте денот на посочениот академик Тодоровски, и воедно го поздравувам вашиот коментар-забелешка од стручен аспект.Тоа е патот на корегирање на пропустите на енциклопедијата без партиски и патриотски сенс.Да постои завист кон се ново е веќе одамна познато во академијата,погледајтего начинот на примање нови членови побргу човек ќе измисли мотор на вода отколку да успее да ги ,,шармира,, нашите академици.Самобендисаноста и зависта со ништо поткрепено се одамна спортови практицирани во академијата,башка незаслужениот комодитет на поединци.
Од: Donald Duck
Датум: 02.12.2009 08:28:45
Koga se vo drzavava ni e so predznak "kvazi" (kvazi obrazovanie, kvazi sudstvo, kvazi zdravstvo, kvazi premier - koj bega od sekakva odgovornost, kvazi vlada - sostavena od poltroncinja, drugarchinja i bratuchedi), zosto e voznemiruvacki sto imame i kvazi akademici?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.12.2009 08:33:01
Површноста и pro forme изразувањето се заразен вирус.Тоа е апцесен процес кој го зафати целото општество и е започнат во времето на„социјализмот“.Непростливо е да имаме Површни академици,доктори на науки,кои заради запазување на формата,најверојатно и ги стекнале своите титули!Неспособни се да застанат на челото на општеството, не поради својата сенилност,туку поради вродениот примитивизам и плиткоста.Затоа се случува во енциклопедијата да ни се застапени фалични спортски коментатори,анимир дами,пејачки,(се надевам не ја пропуштиле„Талентираната“Стриптизета) најавувачки..Но не се само Книжевниците Изгонети од енциклопедијата,туку недостасуваат и бројни Непартиски Ликовни и Музички Уметници(во кои секако не спаѓаат пејачките што ги истакнуваат своете тела,во недостаток на глас,и производителите на Бладините Кич-фигурини)туку оние со Светски Награди од Релевантни и Авторитетни енала,изложби и концертни настапи!Среќа што Партиските Разнобојни книшки немаат никакво Влијание надвор од МК!
Од: Благоја
Датум: 02.12.2009 09:43:35
Митко,ако ти не си слушнал за сите овде споменати книжевни творци,во најмала рака си,брат,неписмен и немаш право да го коментираш написов.А,за пејачот Џони Штулиќ,секоја чест,човекот има голема и сестрана дарба,недоискажана заради само нему познати околности.Затоа,седи си мадро на задникот и не биди во секоја манџа мирудија што,пак,е лесно и добро,но,во случајов,само ако си и писмен.
Од: Dolno Vodno
Датум: 02.12.2009 11:11:07
Poznavajki ja cesnosta i patriotizmot na B. Ristovski, cudno mi e kako pristanal i pod cija naredba da dozvoli vakva Enciklopedija?! Od nea se ispusteni ne samo poveke licnosti od literaturata, tuku i istoriski lica koi zasluzuvaat da gi zapmnime. Ne vidov nigde nisto za sestmina mladi patrioti koi izlegle vo planinite "bez dozvola od gore"pa ne mozea da bidat priznati za prbvoborci, ne go najdov imeto na Milan Markovic koe go nosi i edna skopska ulica. Posledniot delegat od "vukovarskiot kongres" go cuvase komitskot zname "Smrt ili Sloboda". ne go vidov imeto na Taki Bojazija i deneska spomenivan vo Starata carsija koj na izborite za pratenik na Sk. go pobedil premierot Stojadinovic, a na krlot mu se prestavil kako Bojadzijev,( bes IC), pratenik vo Prohor Pcinski i t. n. no zatoa pak gi imase na golemo razni predavnici, vulgarni peacki i lekari poznati po toa sto bile ozenetoi za nekoja koja e vo Enciklopedijata... No , mozeme da se zakolneme deka imame prva makedonska Encikloprdij
Од: jovan
Датум: 02.12.2009 11:52:59
Im preporacuvam na nasite akademci da ja iskoristat sansata koja im ja dava Grujo i da otidat(besplatno) vo nekoja banja, kade sto ke mozat na mir da si gi pominat penzionerskite denovi.
Од: pogled
Датум: 02.12.2009 14:12:43
1. Ако се следат реакциите после излегувањето на Енциклопедијата, ќе се дојде до заклучок дека или требаше да излезе во еден том (со испуштање на непотребинте одредници), или во три тома (за да се опфатат неоправдано поропуштените одредници). Ако пак таа се сведеше само на просто внесување на личности во неа, таа ќе заличеше на телефонски именик. 2. Сепак, критиките не смеат да преминат од едно негирање во друго. Треба да се покаже поголема почит кон нивното досегашно творештво и кон самите нив, како личности. 3. Другите народи ги ценат своите академии и своите академици. 4. Потребна е поголема застапеност и претставување на творештвото на интернет.
Од: Delco
Датум: 02.12.2009 14:50:46
Vo Telefonski Imenik, da gi nemalo nabrojanive pogore, pa profesorkava da se pozali e razbirlivo! Enciklopedija ne e katalog. Po vase ke trba i site uciteli od osnovno uciliste da gi nabroevte!! Konduradziite? Enciklopedija e zbornik kade se zavedeni poznacajnite slucuvanja i licnosti sto ostavile traga, uspeale da go smenat tokot na vremeto vo istorijata na zemjata sto ja izdava, pecati. Posle izvesen broj godini se pecatat novi izdanija bidejki se otkrivaat novi soznanija.
Од: Aman, kolku pisateli,
Датум: 02.12.2009 15:02:57
Ako site ovie gi stavile, togas enciklopedijata ce bila samo litrearuturna. A Enciklopedija e nesto mnogu posiroko. No, za navedenite iminja. Osven 2-3 za koi moze da se stavi prigovor, site ostanati se nedovrseni studenti koi so 1-va ili 2-ra godina na studii otidoa vo novinarstvoto, taka sto nitu stanaa dobri novinari, nitu dobri posateli. Isto taka, mnogumina zavrsija i kako opstestveno-politicki rabotnici po bivsite centralni, opstinski komiteti na SKM ili vo SSRNM ili vo Sindikat. G-dja V. Popovska, Makedonija e mala, a Skopje e sepak e edno maalo vo posiroki ramki gledano /iako nasite denesni nabodubni tv novinarcinja go upotrebuvaat zborot metropola - zosto ne videle metropola/ i site se znaeme. Gane Todorovski e bard na makedonskata knizevnost i razni Aldo, Stevo itn. ne se za vo ist kos so Gane.
Од: Андреј
Датум: 02.12.2009 15:43:25
Кои се овие? Освен неколкумина, сите други се анонимуси. И според вас сите овие треба да бидат во енциклопедија, само затоа што напишале некакво книжуле од по 10 песни? Па на тоа ли ќе се сведе македонската книжевност, на едно страотно банализирање? Па од вашата уста се пенави суета, а за суета обвинувате. Ајде сега сите во енциклопедија, од првиот до последниот жител на Македонија. Бог да чува и да брани. Секој си дава право да биде експерт-коментатор, па макар нека е и книжевна наука. Ужас.
Од: Anonimusi
Датум: 02.12.2009 16:51:48
G-dja Vikotorija. se soglasuvam so Mitko deka najgolem broj od Vasata dolga lista na literari se vistinski anonimci( so iskljucok na 7-8) Ako odime po taja logika da sekoj koj napisal nesto ili izdal nekolku raskazi ili poetski zbirki pa da gi belezima vo Nacionalnata Enciklopedija , kade seto toa ce ne odnese. Togas ce treba i site slikari vo Mk, site muzicari, pa i site naucni rabotnici da gi vmetnuvame vo nea. Vo Nacionalna Enciklopedija se vmetnuva samo ona sto e vrv i trajna vrednost za nacionalnoto tvorestvo. Inakum ,se soglasuvam deka ima vmetnato mnogu licnosti na koi ne im e mestoto vo nea, razni sport. komentatori, nekoi peaci pa i nekoi naucni rabotnici ,koi voopsto ne se poznati podaleku od Vranje.a dali postoel subjektivizam vo seta ovaa rabota treba da kazat relevantni lica

Најди! во Утрински
Писма
Реакција