Реакција
Во „Орка холдинг“ работат 670 лица
Во текстилните фабрики на "Орка холдинг" работат 670 лица. Привремено се отпуштени околу 300 работници. Ова се потенцира во вчерашната реакција на "Орка холдинг" на објавениот текст под наслов "Текстилната индустрија загуби 5.000 работни места". Новинарот Иван Бојаџиски во написот наведува дека "по распадот на 'Орка' од илјада, останаа само стотина вработени", податок што е добиен од соговорниците за темата.
|