Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
На прво место

Ќе го соблече ли Иванов туѓиот костум?

Иванов изјавуваше: „Човекот ја прави институцијата“, но во изминатите 16 месеци не се забележа сјајот на неговата ѕвезда

Оливера Војновска



Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, е во Њујорк каде што треба да настапи пред Генералното собрание на Обединетите нации. Само некако е збунувачка неговата улога во Њујорк кога се знае дека тој, практично, го менува премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски. Па, онака облечен во туѓиот костум, можеби, дури ќе го има пред себе и текстот од обраќањето подготвен за Груевски. Кој, пак, приоритет му даде на еден друг настан - бизнис-форум за глобални прашања во Чикаго.

Иванов во финалето на изборите во моментите кога му беше на дофат највисоката функција во државата, изјавуваше: „Човекот ја прави институцијата“. Ја убедуваше јавноста, но како и самиот да се храбреше дека ќе успее да изгради сопствен, специфичен политички профил. Наспроти тие надежи, досега тој не остави личен печат на позицијата на која дојде како непартиски човек и благодарение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. И иако самиот вели дека не е поклопен од сенката на премиерот, сепак, во изминативе 16 месеци од претседателскиот мандат не можеше да се забележи сјајот на неговата ѕвезда. Зошто е тоа така и каков скок треба да направи Иванов за да стане забележителен и на домашната политичка арена и на меѓународен план?

Претседателскиот кандидат, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Љубомир Фрчкоски, смета дека Иванов е една несреќна политичка фигура.

„Тој добро знае дека за неговото доаѓање на функцијата премногу и' должи на ВМРО-ДПМНЕ и нема што друго да направи освен да спроведува наредби. Неговите чизми се му се толку големи што дури и самиот е свесен дека е ’мачорот в чизми’ . Тажна, многу тажна е неговата слика“, вели Фрчкоски со доза на сожалување. Воопшто не верува дека Иванов ќе има сила да направи некаков квалитативен исчекор во наредните четири години од мандатот.

„Тој нема лични квалитети. Нема капацитет и познавања во политички систем. Дури не е ни релевантен критичар. Никој не ги коментира неговите изјави, ниту кај нас ниту надвор од државата. А нема ни меѓународни врски, како што имаше експретседателот Борис Трајковски, кои ќе му обезбедат поддршка при евентуален судир со оваа монструозна власт. Мислам дека ќе го пуштаат да ги прави ’глупите работи’, да се бламира како со онаа несреќна изјава за пропуштените шанси во 1995 година. Или како на средбата со Папандреу, кога се знае дека нема шанси за некаков успех. Само за да ја покрие неуспешноста на Груевски да изработи добри средби во Њујорк. Уште и самиот тој како претседател ја побара средбата со грчкиот премиер. Бламажа, па има правила, се знае како одат тие работи“ , вели Фрчкоски.

Познавачите на македонската политичка сцена посочуваат дека немањето свои пратеници во Собранието претставува голем хендикеп за претседателот. Бидејќи партиите не ги даваат бланко-гласовите на независните кандидати, туку си имаат свои сметки.

„На денот на изборите партиската машинерија му се позајмува на кандидатот, но по изборите му се враќа на лидерот на партијата каде што е реалната политичка моќ, во случајов кај Груевски. Иванов има само еден начин да се наметне: да ги убедува граѓаните со морален авторитет, кој се потпира на содржината на предлозите и на силата на аргументите. Тој треба да излезе со цврсти ставови во надворешната политика, името и евроинтеграциите, одбраната и безбедноста, а може да каже свое мислење и за монетарната политика со оглед на тоа дека го предлага гувернерот на НБМ“, вели политичкиот аналитичар, професорот на Американскиот колеџ, Стево Пендаровски.

Нагласува дека Иванов досега не кажал став што се разликува од Владата и никогаш не излегол прв со мислење за некое битно прашање. Притоа напоменува дека се недозволиви протоколарни гафови - премиерот да и' кажува на јавноста што ќе прави претседателот во Њујорк, каде што препознава јасна тенденција за негово маргинализирање.

Пендаровски не очекува дека Иванов во наредниот период ќе изгради некаква индивидуалност, туку е убеден дека ќе стане уште повеќе невидлив. „Не очекувам дека ќе води автономна политика, дека ќе формира независни ставови и дека ќе ги кажува пред тоа да го стори Владата. Иванов ќе продолжи да биде тивок и незабележителен претседател“, прогнозира професорот на Американскиот колеџ.

Од начинот на кој Иванов ја извршува функцијата е разочаран и неговиот пријател, поранешниот вицепремиер за е��роинтеграции, Ивица Боцевски, кој застана зад неговата претседателска кандидатура и финансиски ја помогна. Тој очекувал од Иванов да се покаже како „еманципирана политичка фигура“ и ниту на сон не можел да помисли дека ќе манифестира таква послушност кон Груевски.

„Иванов се однесува премногу пасивно и претседателската функција не ја користи за да ги промовира целите што ги пропагираше како професор. Тој има напишано многу работи за цивилното општество и за мултиетничката демократија и треба да се потсети на нив и да ги препрочита“, вели Боцевски.

Иванов пред стапувањето на функцијата како приоритети ги посочи: Македонија - членка на НАТО и на ЕУ, силна, почитувана и рамноправна, со богати и среќни граѓани.

„Немам намера ниту потреба за момент да замижам пред големите пречки на нашиот пат, како што се нерешените прашање со јужниот сосед“, вети тој во првото обраќање до нацијата. Но, и по една година од мандатот, не успеа да ни објасни што значи „разумен компромис“.


#
Статијата е прочитана 7273 пати.

Испрати коментар

Од: Deki
Датум: 25.09.2010 12:14:02
Frckovski izgubi od predsedatelot Ivanov i sega moze da zboruva so saka no negovite zborovi se veter i magla kako i sekogas.Ivanov e predsedatel na Republika Makedonija i toa e to.
Од: toni
Датум: 25.09.2010 12:25:26
abe pocnav da go sozaluvam ovoj Gole,grevce e bre
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2010 12:40:18
Соблекување на костимот ,,мало сутра,,.Како што го соблекоа мнозинството парламентарно во периодот 2004-06 год.Кога кројачот тесно им го скрои законот за стечајци кој со негов благослов беше изгласан во парламентот,а потоа преседателски срушен и го снема законот од сцената.А сега грижа невид��на на оние на кој се однесуваше тогаш законот.
Од: Јован АН
Датум: 25.09.2010 12:40:30
Сиве овие пишувања за Претседателот имаат само една цел која не му служи на чест на “Утрински“: да дојде до разијдување меѓу двете врвни институции во државата - меѓу Претседателот и Премиерот.Причините за вакви пишувања се поттикнати од наклоноста на уредувачкиот тим на весникот кон една политичка опција поради што не се внимава на штетата која и’ се нанесува на Македонија.
Од: skd
Датум: 25.09.2010 13:16:34
Ѓорѓе Иванов е вистински Претседател на Македонија, човек со интегритет, колку сакате може да ја девалвирате неговата функција, џабе, луѓето гледаат кој е вистински достоинствен човек кои ги преставува надвор од државата
Од: sime
Датум: 25.09.2010 13:51:11
Nazalos poveketo makedonci se so gen poslusnost kkon vladetelot.
Од: "vodolija"
Датум: 25.09.2010 14:24:46
SE' STO Frclovski rece za Gjorgje Ivanov e NEPOBITEN FAKT, no Gospod da ni e na pomos dodeka istece ovaa FORTUNA NA ZLO!!! ZLO E, covek da se bavi so Elektrika i so politika koga ne ja razbira !!!???
Од: vvv
Датум: 25.09.2010 14:42:17
Ти господин ФЕЛИКС треба да го коментираш текстот, а не некои минати времиња. Ајде сега кажи што од овој текст не е вистина. И втора работа: еден ист коментар го ставаш на неколку статии па прашањето е: дали само толку умееш или толку ти напишаа за денес бидејќи е викенд?
Од: Блаже
Датум: 25.09.2010 14:56:59
Ако е ова Ваше лично мислење, се однесува на новинарката, тогаш очиг��едно е дека не знаете што сакате како граѓанин на оваа земја. Ако некаде не застапува премиерот, не, таму требало да оди претседателот и обратно. Прашање до Вас и до оние кои ги нарачуваат текстовите од овој тип е, па добро до кога ќе наоѓате влакна во јајце и се нешто нема да ви се бендисува? Критиките за да фатат место треба да Ви бидат, мислам на новинарите и на сите слични писарчиња по нарачка, значи критиките и ловот на вештерки треба да Ви биде насочени кон аномалиите кои се на секој чекор околу нас, корупција, неспособност и неквалитет во институцијата, непотизам, и тоа да го гоните, тука ќе ја видиме силата на медиумите бидејќи тоа и е цел на вашата бранша. а не тресни глупост па остани жив, широк и туѓ костим на претседателот, ма дајте!
Од: barma
Датум: 25.09.2010 15:03:29
A be dvajca braka od ista majka i tatko (osven bliznaci) se razlikuvaat megu sebe po mnoooogu nesta. A be ovie dvajcata (premier i kutriot pretsedatel) ne znaes koj zboruva, a edniot a drugiot (odnosno vtoriot koga ke dobie amin od prviot) isto zboruvaat. I po intonacija na bukva "R" a i po kvalitet na iskazanoto. Gjole nas ne velam deka ne e dobar, naprotiv epten e dobar ,glasot ne mu se slusa, samo ponekagas cat pat koga treba da go zameni premierot . . . itn
Од: јас
Датум: 25.09.2010 16:19:46
Ако е тој вистински човек што ја претставува Македонија во светот, тогаш Македонија ( за жал ) е ПАДНАТА НА НАЈНИСКИТЕ ГРАНКИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ..Не знам само дали подолу може да падне, ама со пастирот на чело и тоа е можно..Фрчковски не изгуби од Иванов , ами изгуби од послушната гласачка машинерија на портокалите ( па нели самите тврдевте дека и магаре да ставевте на список и тоа ќе беше изгласано ).А ако сака претседателот ВИСТИНСКИ да ја претставува функцијата на која е назначен , малку нека излезе од под скутот на пастирот..Имавме еден таков „маргиналец“ АМА КОЈ СЕ ПОКАЖА ВИСТИНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧОВЕК..Тој го заслужи епитетот ВИСТИНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ !!!Штета што го заврши прерано својот живот !!
Од: marjan.pp
Датум: 25.09.2010 16:58:10
do feliks i ostanati portokali:sosila i dzabe go velicite,covekot mozebi e dobar no za ovaa funkcija e t a p a
Од: karokan "gambit"
Датум: 25.09.2010 17:55:05
Da, vo pravo si Blaze.Moze da se tresne glu[post i da se ostane ziv.Eve Felix gi treska vo serija (nekoi i zabelezale deka ist komentar podmetnuva na bilo koj tekst) vo stilot na sepoprisutnite sapunski operi i seuste e ziv.I neka e ziv .Barem sluzi za reper deka sprotivnoto e pobjektivno (potocno)!!! Da ne bides podolu od nego,ete i ti vo celiot komentar natrupa eden kup gluposti i veruvam deka glava ne te boli. Novinariteda"gonat"korupcija,kriminal,nepotizam????? Pogolema glupost,zdravje!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! A na nas,koi strakame pod vakvite tekstovi takvite sostojbi nema da ni se bendisuvaat se dodeka zemjata (drzavata) ne pocne da se pridvizuva napred.I taka ce strakame se dodeka gledame deka onie sto bea pozadi nas elegantno ne preteknuvaat!! Porazmisli malku okolu toa.Ako ima so sto!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: забеган.
Датум: 25.09.2010 19:06:59
Колку што знам доста ВМР-ОВЦИ со кои се шегуваме.Викат гледаш колку сме силни дури Ѓолета го направивме Претседател.Шо значи му се потсмеват.Но нека муе добро кога со ѓаволот сади тикви од глава мусе разбиват.Можеби ЧОВЕКОТ несвесно влета алчен за влас.Е сега нека муја мисли.
Од: Bojan
Датум: 26.09.2010 02:00:58
Frcko da ne si ljubomoren ? pa on e samo duplo podobar od tebe "(spored glasovite na narodot).Neli?
Од: dragan
Датум: 26.09.2010 09:53:13
Absolutno se slozuvam so tekstov,bez ogled na kogo e''naklonet'' vesnikov.Koj go ''donel'' pretsedatelot na vlast,ni toa ne me interesira.No,toa deka kako licnost izgleda nesigurno,bez cvrsti stavovi,i bez''kicma'' sekoj moze da go vidi..Sto ke ima da im kaze na studentite posle mandatot se prasuvam?
Од: USAMKD
Датум: 26.09.2010 18:16:30
Ivanov se poveke i poveke ne im odgovara ns grujo i brabko i ne im odi vo prilog na nivnite scenaria za blokada na resenietio za imeto prem predlogot od Nimic
Од: avatar
Датум: 26.09.2010 21:53:47
Pretsedatel na mesto.Namesto toa nikoj ne kaza deka Drucas se mesa vo vnatresnite raboti na edna nezavisna drzava.

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски бара јавни листи на кодошите



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing