Мадона петнаесет години во геј-врска
Кристофер Чичоне, братот на поп-кралицата Мадона, во својата книга открил бројни пикантерии кои биле дел од животот на славната пејачка. Една од нив е дека Мадона е опседната со сексот, дека многу повеќе ја сака својата кариера отколку сопругот Гај Ричи, кого Мадона го смета за хомофобичен и затоа често доаѓа во конфликт со него. Кристофер тврди дека Мадона имала и неколку лезбијски искуства, дека со Гвинет Палтроу разменила француски бакнеж и дека веќе петнаесет години е во тајна лезбијска врска.
- На новогодишната забава во 1991 година каде што била присутна Мадона, друштво и' правел лезбејската двојка Сандра Бернард и Ингрид Касарес. Ингрид уште на прв поглед ја привлекла Мадона и на тој начин поп-кралицата влегла во досега најдлабоката, најдолгата и најинтензивната врска во својот живот - изјавил Чичоне.
Врската траела се' до запознавањето на актуелниот сопруг Гај Ричи, на што Ингрид бурно реагирала, бидејќи до тој момент таа била најважниот човек во животот на Мадона.
- Не би ме изненадило и денес да се во љубовна врска, но таа ниту го потврдува тоа, ниту го негира. Кога заминуваат заедно на забави, Мадона често знае да ја игнорира Ингрид, но кога ќе влезат во клубот почнуваат да се разменуваат страстите - додал Кристофер Чичоне. |