Број 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Расте температурата пред Исланд

Ракометарите се навикнуваат на новата сала и очекуваат таа в недела да биде полна за бараж-мечот за СП

Роберт Димитриевски

Како што наближува недела и првиот натпревар меѓу ракометарите на Македонија и на Исланд од баражот за Светското првенство 2009 во Хрватска, расте „температурата“ во спортската јавност во државава, како и во таборот на македонската репрезентација. Исланѓаните им се стари должници на македонските ракометари, минатиот викенд изборија настап на Олимписките игри во Пекинг, како и фактот дека ќе се игра во новоизградената сала „Борис Трајковски“ во Скопје се три добри причини в недела од 20,15 ч. да бидат пополнети сите 6.000 места за седење. Во прилог на тоа оди и популарната цена на влезниците од само 100 денари.

Додека Ракометната федерација на Македонија се подготвува што подобро да ја пречека исландската делегација, која пристигнува денеска, како и да создаде услови за спортски спектакл за паметење во салата примарно изградена за Европското првенство за ракометарки во декември годинава, избраниците на селекторот Иле Темелковски веќе го сефтосаа објектот.

„На првиот тренинг ни беше малку чудно, но на вториот теренот веќе им ’легна‘ на играчите. Се надеваме на полна сала, но не смее да не' фаќа еуфорија од публиката, која понекогаш знае да создаде и контраефект врз ракометарите. Таа секако може да не' крене, но не може да ги замени играчите долу на теренот. Тие мора да бидат сконцентрирани на играта и на противникот“, предупредува Темелковски.

Откако завчера беше анализирана касетата од дуелот на Исланд со домаќинот Полска, од кого загубија со 28:34 на олимписките квалификации во Вроцлав, вчера дојде редот и на клучната победа од 29:25 над директниот конкурент Шведска.

„Со Полска не оставија некој посебен впечаток. Во одбраната играа длабока зона, очигледно специјално подготвена за Полјаците, но не верувам дека ќе ја применат и против нас. Сепак, видливо е дека имаат висок квалитет на сите позиции. Се' се врти околу Атласон, Гудјонсон и Стефансон, но добри име се и левото крило Сигурдсон, како и пикерот. Играат во исто темпо од првата до последната минута“, го скенира противникот популарниот Ико.

Настапот на десното крил�� Александар Јовиќ, кој има силна настинка, и понатаму е неизвесен, но тренира, а лекарите прават напори да го оспособат за мечот. На вчерашниот претпладневен тренинг мала поштеда добија Кирил Лазаров и Горан Ѓоргоноски, кои тренираа индивидуално.

Ова ќе биде четврти и последен двомеч со островјаните во баражот, кој како последен филтер за големите натпреварувања заминува во историјата. Скандинавците беа нерешлива енигма за Македонците во сите три претходни наврати, и тоа во баражот за ЕП 2000, кога ја забележавме единствената (пирова) победа од 32:29 во СРЦ „Кале“, потоа во плејофот за СП 2001 и во разигрувањето за СП 2003. Ждрепката сакаше Македонија и Исланд да се најдат во иста квалификациска група и за ЕП 2010 во Австрија.


Статијата е прочитана 392 пати.

Испрати коментар

Од: ek.v.d.
Датум: 06.06.2008 08:16:45
Со среќа.Напред наши!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Таткото на Луис Хамилтон искрши „порше“ од 330.000 фунти
Арнаудовска во четврт-финалето во Измир
Цементарница 55 ќе ја извести УЕФА за нерегуларното првенство
Ватерполо јуниорите денеска против Белорусија и со Велика Британија
Тренерот Љупко Петровиќ пред договор со Милано
Хепенинг за финалето на Евро 2008 на плоштадот „Македонија“
Хокеарите на Детроит го освоија Стенли купот
Магдинчев и Русевски елиминирани во двојки на челинџерот во Фирт
Македонија со 12-мина на Светскиот кик-бокс куп во Италија
Фудбалски вести
Сафина против Ана Ивановиќ во финалето на Ролан Гарос