Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Власте Димковиќ

градонач. на Старо Нагоричане

Бидејќи е последен ден од работната недела, со раководителите на одделенијата правиме дневен пресек на завршените работи и продолжуваме со дневните активности. На крајот од работниот ден, одам на селската слава Спасовден, кај две семејства во општината. Во 20 ч. одам на 30-годишнина од прослава на матурата.

Синиша Пекевски

маркетинг-менаџер

Целиот ден посветен на состаноци за претстојната кампања на Хоризонти, а вечерта посветена на дружењето со пријателите и испраќање на еден пријател во Париз. Истовремено, со нетрпение го очекувам враќањето на сестра ми Даниела од странство в недела и повторно собирање на цела фамилија.

Милан Манасиевски

музичар

Денес е последен ден во кој ќе ги средувам впечатоците и возбудата од мојот прв солистички концерт на пијано, што се одржа во вторникот во Домот на културата во Куманово. По интензивните проби кај професорката Марија Тодоровска, следуваат подготовки за матура.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ