Брoj 2705  петок, 06 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Пожелно е да се спуштите на земја кога станува збор за правењето планови. Осаменоста не е вистинско решение. Дружете се со лица во кои имате доверба, тие ве советуваат и ве разбираат, само така ќе најдете мир. Одморајте се, другото може да почека.



Бик

Бидејќи потрошивте многу енергија, мора малку и да се одморите. Изолирајте се од околината ако сакате да направите успешни планови за следните потези. Единствено партнерот може да ви прави друштво. Ова е вистински момент за психофизичка релаксација.



Близнаци

Ви годат убави работи, а посебно љубов и уметност. Доколку сакате да се чувствувате убаво, мора да ги следите своите внатрешни потреби. Не жртвувајте се за другите, така нервозата и незадоволството ќе ви бидат поблиски.



Рак

Ви претстои голема пресвртница во животот од која се плашите, што е и нормално. Кога би биле отворени за иновации, далеку ќе дотуркате. Потребно ви е олабавување, потрудете се слободните моменти да ги поминете во друштво на лица што ви значат.



Лав

Бидејќи неуморно работите и максимално се исцрпувате, можна е нервоза комбинирана со емотивна напнатост. Доколку некој се потруди да ја ограничи вашата слобода на движење, тешко нему. Една средба ви буди надеж, дочекајте ја подготвени.



Девица

Вложувате огромен напор за да ги завршите обврските, но не ви е тешко, бидејќи сте свесни за целта. Денот е создаден за уживања, можеби заборавивте како изгледа тоа, но ќе се потсетите. Љубовта, уметничките случувања и останатите задоволства денес ви се во прв план.



Терезија

Почнете да се учите на трпеливост. Времето брзо поминува, па додека да трепнете, на вашите маки ќе им дојде крај. Насочете се кон себе, здравјето и избегнувајте големи расправии. Можни се настинки, имунитетот ви е намален.



Скорпија

Интензивно сонувате за нешто. Бидејќи не уживате во моментот, можете да згрешите. Сакате однапред да се обезбедите, но околностите ве спречуваат во тоа. Финансиската ситуација се подобрува, добивате признание.



Стрелец

Работите се одвиваат со задоволувачко темпо, но сакате да ги забрзате. Кога ќе размислите подобро, немате причина да ги забрзувате работите. Доколку го забавите темпото, ќе бидете задоволни и ќе избегнете изложеност на ризици.



Јарец

Иако ситуацијата ветува, вие повторно сте песимисти без причина. Недовербата ве блокира и ве ограничува во размислувањата. Тоа е типична особина на овој знак. Сериозно гледате на животот, идеално на љубовта, едноставно уживате.



Водолија

Постојано сте насочени кон љубовта, тоа е паметно, треба да ги искористите сите шанси. Ви годи чувството дека сте сакани, но не сакате партнерот да ве дави со честите изливи на нежност. Имате одврзани раце на сите полиња.



Риби

Воспалението на мускулите е знак дека претеравте со работа. Тоа се однесува на практичните и неуморните припадници на знакот. Немате време да размислувате кој ве сака, а кој не. Околината и љубовта денес за вас се небитна работа.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ