Хороскоп
ОВЕН
Дозволете им на чувствата да излезат од вас. Ако спротивната страна покаже дека многу и' значите, немојте да бидете воздржани и да се контролирате, зашто тоа ќе изгледа како одбивање. на ��инансиски план можно е непромислено трошење, ако станува збор за техника, облекување и убавина.
БИК
Најпријатно ќе се чувствувате во друштво на весели луѓе, они кои уживаат во добрата храна и одбрани пијалоци, како и личности што сакаат да истражуваат и да откриваат нешто ново. Заради вашата отсутност, блиска личност ќе мора да донесе одлука во ваше име. Вешто ќе решите еден проблем.
БЛИЗНАЦИ
Енергијата ќе ви биде во опаѓање, а имунитетот ослабнат. Можни се проблеми со желудникот, вирози, воспаление на увото, или меурот. Избегнувајте мрсна и тешка храна и пијте многу течности, најдобро вода и чај. Во емотивните односи не подлегнувајте на налети на љубомора и кавгаџиство.
РАК
Ако подготвувате испит, презентација, или очекувате дека резултатот од патувањето ќе зависи од вашата информираност, ви претстои ден минат во работа. Ако зад вас е неодамнешен љубовен бродолом, ќе бидете опкружени со пријателите и нивната безусловна љубов.
ЛАВ
Подгответе се на застои и доцнења. би можело да ви се случи да изгубите важни хартии и документи, или да не можете да пронајдете нешто што ви е неопходно потребно. Ако тргнувате на пат, проверете дали се' сте понеле и сметајте дека малку подолго ќе патувате до целта.
ДЕВИЦА
Одбијте ја молбата врзана за превземање на една обврска, особено ако сте во љубона врска, во чија иднина се сомневате. Нема да згрешите ако го задржите за себе своето мислење, доколку се најдете во разговор со роднините. Приоритет нека ви бидат личните желби.
ТЕРЕЗИЈА
Јaзикот ќе ви биде побрз од паметта, а провокациите претерани и по малку неумесни. Ако се најдете во големо и шаренолико друштво, ќе го свртите вниманието врз себе, но не нужно на позитивен начин. негативната енергија потрошете ја на спортување или средување на животниот простор.
СКОРПИЈА
Скорпиите ќе ги преплави плима на нежност и љубов кон партнерот и децата, а љубовните случувања на оние кои не се во брак, ќе бидат проткаени со интересни случувања. Ќе слушнете убава вест од пријателите, а ќе добиете и покана за венчавка, крштевка или прослава на свршувачка.
СТРЕЛЕЦ
Избегнувајте контакт со роднините , особено со оние од спротивниот пол, зашто разговорот на тема на вашиот личен живот, би можел да заврши со кавга, во која ќе бидат изговорени тешки зборови. Ќе бидете склони да кажете што мислите, а притоа неподготвени з акомуникација.
ЈАРЕЦ
Добро ќе си поминете на патувањето и ќе остварите интресни контакти со странски државјани. Со малку шарм и мудра игра, лесно ќе ја остварите својата цел. Некои од вас слободното време ќе мора да го посветат на домашниот миленик, или на поправки во домот. Направете шопинг!
ВОДОЛИЈА
Поддржка за остварување на деловниот план ви пружа брачниот или љубовниот партнер, но и роднините на партнерот, дури и ако не сте во брак. Помладите ќе уживаат во страсните изрази на наконост на спротивниот пол. очекувајте покана за патување, односно излегување во двојка.
РИБИ
За извонредното расположение можете да им се заблагодарите на љубовните случувања, а добар вентил за зголеменото ниво на енергија ќе бидат и домашните работи. Извонредно ќе се снаоѓате во контактите со другите, како и со роднините и брачниот партнер. Очекувајте покана од личноста што ви се допаѓа.
|