Што прават денеска
Салаетин Билал
актер
Најголем дел од денот го минувам на снимање на краткиот игра�� филм „Жарче“, што го режира Томи Алексов. Недела вечер, со претставата „Госпоѓица Јулија“ на Турскиот театар од Скопје, настапувам на МОТ, а треба да се подготвувам и за патувањето на Кипар, на еден театарски фестивал, на 21 септември.
Дивна Пешиќ
стреличарка и сликарка
Утринава патувам за Кавадарци, каде што сум ангажирана во организацијата на меморијалниот меѓународен кошаркарски турнир „Димитар Ѓеоргиев“, чие свечено отворање е во 19 ч. Претходно, во 17 ч. ќе се одигра мечот меѓу „Фени индустри“ и КК „Торус“. Пред мене се неколку дена исполнети со обврски, но и пријатно дружење.
Љупчо Мирковски
композитор
Денес решив да си го средам студиото - да ги разделам старите снимки и новите песни, кои се' уште не го нашле својот изведувач. Воедно ќе размислам и за тоа која песна на кој пејач би му одговарала. Покрај тоа, работам и на подготовката на националниот избор на „Детски евросонг“, што ќе се одржи на 25 септември. |