Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Лиле Корубин

модна креаторка

Викендот ќе го поминам во Сарај во ателјето на мојот сопруг. Таму, заедно со нашите кумови, ќе го прославиме роденденот на кумот, а најверојатно ќе не' посетат и блиски пријатели. Се надевам дека времето ќе биде убаво, па ќе можеме да пешачиме до Матка и да направиме скара во двор.

Огнен Неделковски

текстописец

Цела сабота ќе ја поминам во друштво на син ми Филип. Откако ќе ја испратиме сопругата Соња на „Макфест“ во Штип, ќе поиграме фудбал на „плејстејшн“, па ќе подготвиме некој рецепт од „Храна и вино“. Вечерва ќе гледаме „Макфест“ и ќе навиваме за моите песни, а в недела сме на крштавка кај мојата внука Јана.

Татјана Лазаревска

пејачка

Денеска заедно со мојот сопруг Новица ќе пееме на свадба во Маврово, но се надевам дека ќе се организираме да отидеме порано и заедно со децата да го искористиме убавиот воздух за одмор и прошетка. В недела - еден убав одмор и подготовка на вкусен семеен ручек.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ