Доколку имате здравствени проблеми, знајте дека сте промениле нешто во начинот на живеење. Доколку сте смирени, последиците ќе бидат помали. Не трудете се да ја најдете правдата, така само ќе се нервирате. Бидете внимателни, можни се повреди.
Бик
Смислата за убавото е нагласена, но истата бара конкретна примена. Занимавањето со уметност и уредувањето на просторот влијае на тоа да се чувствувате добро. Немојте да правите финансиски трансакции, потрудете се да заштедите нешто.
Близнаци
Бидејќи наклонетоста кон настинки, вирусни инфекции и други здравствени проблеми е нагласена, се советува зголемување на дозата на витамини. На материјален план евидентни се грешки предизвикани од невнимание. Не верувајте никому!
Рак
Бидејќи работите на зголемување на самодовербата и ги увидевте грешките, решавате да го свртите листот. Мора да соработувате со лица кои не ги поднесувате. Затворањето во четири ѕида и бегање од проблемите не е вистинско решение.
Лав
Ваша главна преокупација е љубовта. Партнерот постојано се труди да допре до вашето срце. Доколку не сте заљубени, чувствувате празнина. Сакате да поминете возбудливи моменти, но работите нема да се одвиваат онака како што сте замислиле.
Девица
На момент ја изгубивте подлогата на која стоите. Ниту тоа не е лошо, бидејќи рационалноста може да ви здодее. Грешки предизвикани со овие потези навистина се возможни. Избегнувајте задушливи простории поради наклонетоста на вирусни инфекции.
Терезија
Бидејќи не може да остварите врска каква што сакате, ви останува да сонувате. Мора да бидете внимателни кога исхраната е во прашање. Финансиите ставете ги под строга контрола. Наскоро ќе се чувствувате добро.
Скорпија
Иако здравствената ситуација не е идеална, не нервирајте се. Се оптоварувате со небитни проблеми како да немате што да правите друго во животот. Емотивната состојба е нестабилна, а љубомората е главна причина за тоа.
Стрелец
Опкружени сте со лица кои не ви одговараат. Бидејќи не сте толку мудри од околината да извлечете корист, ќе се чувствувате болно. Во секој човек има нешто убаво, почнете да учите од околината. Престанете да бидете загрижени.
Јарец
Доколку имате брачнопартнерски проблеми, не инсистирајте на вистината. Пожелно е да се повлечете и да почекате додека се смират страстите. Бидете внимателни во комуникацијата со околината , некој може непријатно да ве изненади.
Водолија
Дружењето со Рак може да ви помогне да се чувствувате подобро. Тој позитивно дејствува на вас. Не сте свесни колку го шармирате партнерот, тој не може да остане рамнодушен на вас. Внимавајте на исхраната и не внесувајте шеќер во организмот.
Риби
Во елемент сте. Сонувате за работи кои ви се тешко достапни, но мора да водите сметка да не претерате. Преземете конкретен потег за работите кои ве оптоваруваат. Врската во која сте бара отворен разговор. Не нервирајте се.