Лустраторите ги отфрлија „Вујко“ и „Мама“
Комисијата за лустрација вчера одлучи да ги отфрли досиејата „Вујко“ и „Мама“, оценувајќи дека станува збор за фотокопии кои не може да се третираат како официјални документи. Лустраторите минатата недела добија одговор од УБК дека досиејата се „фабрикувани плагијати“.
Инаку, на вчерашната седница на Комисијата, лустраторот Чедомир Дамјановски предложил да побараат официјален одговор од УБК, дали тие како институција се обратиле и ги побарале оригиналите од Белград. Но, Дамјановски немал поддршка за ова од колегите, по што го повлекол предлогот. Комисијата вчера не расправала за „Ибар“, бидејќи досега добиле одговор само од Военото разузнавање, каде што немало документи за тоа лице . |