Владата и аферата „Ибар“: шпионот од соседната врата
Зошто Груевски мирно го набљудува земјотресот во албанскиот камп
Соња Крамарска
Премиерот Никола Груевски избега точно навреме во Брисел минатата седмица, кога се упати кон седиштето на ЕУ во екот на скандалот со досието „Ибар“. Кога јавноста во Македонија лакомо ги консумираше првите подробности околу шпионските активности на лидерот на ДУИ, Ахмети, Груевски во Брисел чекаше СМС-пораки од Папандреу за точното време на одржување на средбата што ја одлагаше грчкиот премиер два пати.
Но, Груевски и се врати точно навреме за да даде одговор на некои од прашањата што ги поставува јавноста. Кој стои зад политичкиот отстрел на Али Ахмети и колкава е моќта на Владата, доколку не стои зад скандалот, да влијае за негово зауздување. Одговорите, меѓутоа, изостанаа.
Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и премиерот Никола Груевски одлучија на аферата од огромни размери во албанскиот блок - да одговорат со молк. Груевски, откако избувна скандалот речиси е во домашен притвор и очигледно избегнува да даде јавен коментар околу поведението на неговиот коалициски партнер или пак поведението на оние што ги лансираа досиејата. Се обиде да го стивне скандалот, затворајќи ги министрите на отворена 24-часовна седница на Владата. Иванов, пак, вчера се огласи, но не за загрижувачката ситуација што владее во албанскиот камп, туку за парите што ги потрошил неговиот претходник Црвенковски за комуникациска стратегија.
Но, излезе дека запенетиот „Ибар“ повеќе никој не може да го запре и оттука зачудува игнорантскиот однос на Иванов и Груевски кон силната бура што ја зафати партијата, чие учество во владината коалиција е пресудно за стабилноста на извршната власт и за внатрешнополитичкиот амбиент во Македонија.
„Македонците не треба да бидат среќни околу последните случувања во албанскиот камп“, предупреди колумнистот и универзитетски професор Љубомир Фрчкоски при првите јавни одгласи околу неочекуваниот политички атентат што му го направија на лидерот на ДУИ.
Зошто Македонците не треба да бидат радосни или рамнодушни кон напнатоста што владее деновиве меѓу двете водечки партии на Албанците ДУИ и ДПА во светлина на обвинувањата на Ахмети и соработниците дека досиејата се одмазда на Мендух Тачи?
„Албанците се посрамени од откритијата за нивниот лидер. За очекување е бесот кај нив да порасне и да се насочи кон државата, бидејќи дозволи процесот на лустрацијата да излезе од контрола“, одговара Љубомир Фрчкоски. „Само аматер не може да ги согледа последиците од нервозата што владее меѓу Албанците“, вели тој.
Ако во Скопје не се прават анализи за можните последици од аферата „Ибар“, соседна Приштина без двоумење му притекна на помош на Ахмети. Вршителот на должноста претседател на Косово, Јакуп Красниќи, министерот за транспорт Фатмир Лимај и пратеникот Наит Хасани, сите дадоа изјави во одбрана на Ахмети. Уште еден доказ дека македонската политика се најде во расчекор со прашањата кои го засегаат регионалниот контекст и кои во некои политички кругови од опкружувањето на Македонија предизвикаа вознемиреност, за разлика од спокојноста ка�� нас дома.
Груевски, чие политичко влијание може да се насети (но, за жал, не и да се докаже) во некои од претходните одлуки на Комисијата, го остави Ахмети да се брани сам како знае и умее. „ДУИ е дотерана до ѕид и очигледно е дека нема стратегија како да се извлече“, велат аналитичарите.
Процените се дека е невозможно ДУИ да се тресе, а Владата во која учествува со седум министерски места и е клучен партнер за нејзината стабилност и меѓуетничката стабилност во земјата да остане непогодена. На Македонија и' претстојат сложени операции, како што се пописот на населението, кој не може да се изведе без соработка со лидерите на ДУИ и ДПА, одлука за компромис со Грција за што ќе биде потребна поширока политичка поддршка и позитивно расположение од Тетово и од Гостивар за нормално функционирање на државата.
Но, последните случувања покажаа дека Ахмети за неговиот коалициски партнер и премиер Груевски има третман само на шпион од соседната врата. Како што е, впрочем, односот на целата македонска заедница кон оваа афера, која ја стави на коцка довербата не само меѓу партиите и лидерите од албанскиот блок, туку и пошироко - довербата меѓу етничките заедници во Македонија и во регионот.
Vmro i DUI funkdioniraat poveke kako konkurenti otkolku partneri vo vladata a lustracijata samo ja potvrduva mojata teza.
Ne pisuvaa zaludno mladite sili na VMRO DPMNE vo eden niven blog deka nivniot sef (Gruevski) kazal "gi smetavme za volci a gi strizime kako ovci"
Од: petranka
Датум: 02.11.2010 12:56:52
Grujo izbegal na vreme na sostanok so najvisokite funkcioneri na EU. Covek ke pomisli deka se stvarno "doktori" za spin. Sosema e jasno deka skandalot "Ibar" e kazna za DUI zasto ne izleguva od Vladata i koalicijata so VMRO. vasata teza deka ova Grujo mu go pravi na Ahmeti e pogresna. Se raduvaat samo onie koi sakaat Vladata da padne. Frcko pretsedatelskiot kandidat na SDSM otvoreno gi povika DUI minatat nedela da prestanat da go trpat ova ponizuvanje demek. Drugi pak se iznenadeni i ova bilo nova slika za 2001. Da, ama kakva. Poznato e koj imase tajni sredbi so kogo vo Sipkovica. Na Ali i kompanija site mozat da im pozavidat. Tie se pobednici imajstori vo celava prokazna, Gi ubedija site sluzbi deka tie se vo pravo i pobedija.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 02.11.2010 13:41:52
Mozebi dosijeta na "Ibar" i dr. za komisijata za lustracija se neverodostojni,no krajniot zbor go ima narodot,bidejki toj znae "po koj pateki se dvizi zajakot" kako sto vikame vo Germanija odnosno "kade ima zar,tamu ima i pepel".Ova e kapak na se za tn. borec za covekovi prava,Ahmeti,posle site kritiki okolu negoviot "status" vo neprincipijelnata koalicijata so DPMNE.Za Ahmeti nema izlez od situacijata-kako i da odluci,ke gubi:Ako ostanuva ili izleguva od vladata,sekako deka glasacite ke go kaznat!Kako i da e,vladata posle ova mi lici na tesko pijan covek,koj odvaj se vlece doma-vo slucajov,do krajot na mandatot na ova vlada vo 2012.Do togas za zal ke gi gledame kako "lopatarot" Gruevski i MKskiot "James Bond",Ali Ahmeti,ke dogovarat odnapred suplivi kompromisi na smetka na Makedonija-kako i dosega!Simptomaticno e sto dosega e objaven samo eden kodos-Trifun Ivanovski=oponent(!) na segasnata vlada;dokolku e toa tocno se razbira!-,ostanatite kodosi,tolku sum ubeden,se krijat vo vladata!!
Од: jovan
Датум: 02.11.2010 16:07:57
Fabrikuvana afera. Pogotovo emisijata na Vasko Eftov "vo centar".
Од: Goran-Skopje
Датум: 02.11.2010 23:58:12
Cisto jazicna korekcija: ne se veli "...od sosednata vrata"
sto e bukvalen prevod na "...next door" na Angliski, tuku "od sosedstvoto". Znaci, vo slucajov pravilno bi bilo "Spionot od sosedstvoto"
Од: nacional-patriot
Датум: 03.11.2010 04:24:04
Nivniot bes nema da go nasocat kon drzavata,bidejki nemaat sila za toa.Mozat da go nasocat kon partiskite vrhuski od DUI i DPA.Ne treba da se dramatizira za bezbednosnata sostojba od ovaa afera,a kompromis so Atina za imeto na drzavata nikogas nema da ima.Za tvoja zal Sonja.