Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

„БЕБЕ САЕМ“

Три дена забава за трудници, бебиња, родители и деца

Со настапот на децата од фестивалот „Поточиња“, вчера точно напладне на Сајмиште и официјално беше отворено второто издание на „Бебе саем“, едукативно-забавна манифестација, посветена на трудниците, бебињата, родителите и децата. Саемот ќе трае до 25 април, а на него се очекува да биде надмината минатогодишната бројка на посетители, која изнесуваше 7.000. „Целта што си ја поставивме лани, по завршувањето на првиот „Бебе саем“, ја постигнавме. Второто издание е многу побогато и поголемо“, рече Златко Панков, организатор на ивентот. Тој додаде дека доволен доказ за големата заинтересираност за настанот е што уште на првиот ден на отворањето точно во 10 часот веќе имало повеќе заинтересирани што нетрпеливо чекале да влезат. Трите саемски дена нудат најразлични содржини, почнувајќи од караоке-шоуа, игротеки, театарски претстави, настап на детски групи, наградни игри, натпревари во брзо пресоблекување на бебиња од страна на татковци, натпревар во лазење, избор на производи за бебиња, деца и мајки... Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а влезниците чинат 50 денари. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 399 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Пратеничката роди ќерка
Таткото и' забранува да излегува без градник
Исплашен од староста