Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА

Пратеничката роди ќерка

Актуелната пратеничката од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Радмила Шекеринска стана мајка. Шекеринска се породи вчера во 10,30 часот во приватната болница „Мала Богородица - Систина“ и на свет донесе здраво женско бебе, за чие име допрва ќе се размислува. Наследничката на Радмила и нејзиниот сопруг Божидар Јанковски, попознат како Бобо Дајнерс, со кого е во брак три и пол години, се родила тешка 3.200 кг, а според нивни блиски, и таа и мајката се чувствуваат одлично. „Породувањето мина со царски рез, а Радмила и бебето се супер“, велат нивни пријатели, кои вчера не престанаа со честитки и најубави желби за првородената ќерка.

Како што неофицијално дознаваме, честењето мекици, најверојатно, ќе биде утревечер во реномиран скопски ресторан. Избори блиски на двојката велат дека и обајцата родители се премногу возбудени од раѓањето на првата заедничка рожба (за Бобо ќеркичката е второ дете по синот од првиот брак), која дојде на свет само десетина дена по влегувањето на мајката во деветтиот месец од бременоста. Шекеринската до последен ден ги извршуваше своите работни обврски во Собранието, а како што ни изјави во нејзиното неодамнешно интервју за „Утрински весник“, бременоста во повеќе сегменти го промени нејзиниот начин на живеење, особено во поглед на навиките за исхрана. „Не излегувам од дома без да јадам. Како за промена, јадам повеќе овошје. Но, најмногу се мачам со обврската да јадам секој ден месо, јајца и печурки. Ги избегнувам сендвичите и ги намалувам тестенините“, додаде Шекеринска. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 2499 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 24.04.2010 00:16:35
aj neka e zivo i zdravo bebeto golemo da rasti srekno detstvo i mnogu radost vo semejstvoto !!!
Од: Lidija - Veles
Датум: 24.04.2010 00:57:34
Neka im e ziva i zdrava kjerkichkata.Da raste sigurna i okruzena so bezgranichna ljubov od site,da bide pametna kako mama,posebna i srekjna princeza na tato,zivotot da ja daruva so site ubavini i da im gi donese najgolemata gordost i radost na svoite roditeli.Neka ni se mnozhat Makedonskite kjerki i sinovi !
Од: Dejan
Датум: 24.04.2010 07:42:26
Neka e ziva i zdrava!
Од: Aleksandar
Датум: 24.04.2010 10:18:38
Честитки за гордите родители, да биде здрава и жива.... А зошто дотичната личност не се породи во државната болница на гинекологија да го осети македонското здраство!!! Само колку просечни македонски плати чинеше пордувањето во приватна клиника, само колку македонски семејства ќе живее со тие пари!!!! ееее македонче додека политичарите живаеат како богови ни обичниот народ ќе патиме и ќе им веруваме слепо!!!
Од: Бато
Датум: 24.04.2010 10:24:38
Здрава и жива да е ! И честитки до родителите!
Од: Iskra
Датум: 24.04.2010 10:35:20
Neka e cestito i neka e ziva i zdrava malata princeza i mnogu radost i sreka da im donese na mama Rada i tato Bozo, Uste ednas cestitki do roditelite.
Од: tea
Датум: 24.04.2010 11:42:28
Da im e zdrava i ziva kerkickata! A gospodine Aleksandar, doticnata licnost, pa i jas ke se porodam vo drzavnata bolnica vednas stom toa go stori gospogata Gruevska.
Од: violeta
Датум: 24.04.2010 12:20:03
Neke se zdravi i zivi bebeto i majkata. Neka malata princeza raste srekjno i veselo so mama i tato. Cestitki do roditelite.
Од: SSS
Датум: 24.04.2010 12:38:27
DO ALEKSANDAR Aleksandar aj te molam ne treskaj gluposti. Zosto ne rodila vo drzavna bolnica??? Kakvo ti e toa prasanje, te molam???. pa jas poznavam 10-tina bracni parovi koi zemaa kredit za da odat zenite da se poragjaat vo Sistina. Sto ima loso vo toa. Daj boze da ne e situacijata takva vo zdravstvoto i da e bezbedno.Lugjeto veke se plasat da odat vo drzavna bolnica, razbiras li. I toa obicnite lugje, se zadolzuvaat i odat vo privatni koiniki. E toa e za razmisluvanje, a ne toa sto Radmila se porodila vo Sistina. Ne e samo taa, mnogu gi ima. Inaku NEKA E ZDRAVA I ZIVA KERKICKATA I RODITELITE ISTO TAKA.
Од: B5L2
Датум: 24.04.2010 20:01:44
Da bide zdrava ziva i ubava ida go sledi patot od majkai, roditelite da bidat srecni i veseli !!!
Од: Normalen
Датум: 24.04.2010 22:50:39
Neka i e so sreka i na Radmila ( golemiot um vo Makedonija) i na babata i dedoto.A ona za bolnicata, vlasta da moze k'e gi ukine i bolnicite.Denes vek'e nikoj ne moze da primi normalna zdravstvena zastita.I za ova e kriva opozicijata.?
Од: mimi
Датум: 25.04.2010 01:04:12
CESTITO neka e zdrava i ziva do godina bratce pozzz
Од: Phenom
Датум: 25.04.2010 07:13:51
Ziva i zdrava kerkickata, od se srce posakuvam, i da bide minimum tolku pametna barem kolku majka i nejzina !

Најди! во Утрински
Забава
Три дена забава за трудници, бебиња, родители и деца
Таткото и' забранува да излегува без градник
Исплашен од староста