Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Пораки за почитување и заедништво од „вториот Ерусалим“

На Светската конференција за меѓурелигиски дијалог учествуваат над 160 учесници од триесетина земји

Билјана Јовановска


ОХРИД - Охрид уште еднаш е домаќин на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог на којашто учествуваат над 160 учесници од 30-ина земји. На овој значаен собир допатуваа високи претставници на Руската православна црква, на Ватикан, на Антиохиската патријаршија, исламски духовници, рабини, евангелско-методистички пастири, будисти кои ќе разменат мислења за религијата и за културата како нераскинлива врска меѓу народите и цивилизациите. Голем дел од учесниците на собирот во „вториот Ерусалим“ доаѓаат по втор пат уверени дека одовде може да произлезе силна верска порака.

Во Охрид првпат од Руската православна црква дојде архиепископот јарославски и ростовски г. Кирил. Иако не беше најавено присуството на претставник на Српската православна црква, сепак, по серијата неофицијални преговори, како официјален клирик меѓу учесниците е и протофингел Петар, кој пристигна со благослов на зворничко-тузланскиот митрополит Качавенда. Светата столица и на втората Светска конференција испрати висока делегација, предводена од кардиналот Винко Пуљиќ.

„Религијата сама по себе е љубов која не се наметнува, туку се повикуваат другите на оваа небесна гозба и дури тогаш ќе сфатиме дека луѓето од другите вери не се наши непријатели, туку наши сојузници - аџии на аџилакот до спасението“, порача на отворањето на Конференцијата Валентина Божиновска, претседателка на Комисијата за односи со верските заедници.

На духовниците, теолозите и експертите кои се занимаваат со прашања од областа на религијата им се обрати премиерот Никола Груевски. Во неговиот говор овој пат изостанаа вообичаените политички пораки, а на сметка на тоа ги потенцираше моралните и духовните предности, толеранцијата, соживотот но и различностите на религиите и цивилизациите.

„Постојат многу нешта кои повеќето од нас не ги толерираат, почнувајќи од тривијалните, па се' до злонамерните. Толеранцијата не е попуштање и не смее да се сфати како давање на своето. Таа е почитување на заедничкото. Иако е тешко, понекогаш мора да се толерираат и злонамерните. Тие имаат исто толку право да живеат и да дишат како што имам и јас и морам да им укажам почит и да подадам рака кон нив, како кон човечки суштества“, рече премиерот Груевски.

Наведувајќи дека во Македонија сите сакаат да го цитираат апостол Павле, Груевски потсети и им порача на верските лидери да останат со мислите дека „личноста е светост, таа е духовно битие кое е создадено еднакво. Кога се сосредоточуваме на другиот и ги љубиме ближните како себе си, можеме да живееме во мир, да се разбираме и толерираме едни со други - можеби дури и да уживаме во друштвото на другиот“.

Од обраќањата на верските лидери произлезе заедничка порака насочена кон почитувањето едни со други, меѓутоа и кон утврдувањето на религијата и културата на сите народи. „Наоѓајќи се во Македонија, и посебно во Охрид, можеби и не треба многу да се говори за религијата и културата на овој народ и оваа земја. Овде животот со бога и создадената култура најмногу и најдобро сами за себе говорат. Охрид е духовна престолнина на Македонија и вековно седиште на Охридската архиепископија и овде се создавале најмаркантните дела на културата од овие простори“, истакна поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

Папскиот пратеник, кардинал Винко Пуљиќ, на учесниците на Конференцијата и на бројните гости им го предочи искажувањето на „Евробарометар“ според кое две третини од Европејците имаат секојдневен контакт со најмалку една личност од друга вера или народност, што покажува дека заемното меѓукултурно дејствување го сочинуваат заедничкиот елемент на стариот континент.

За доцна синоќа во вилата „Билјана“ беше закажана средба на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со христијанските духовници. Работата на верскиот самит продолжува денес, а на крајот од Конференцијата ќе биде усвоена завршна декларација.


#
Статијата е прочитана 773 пати.

Испрати коментар

Од: kontarpunkt
Датум: 08.05.2010 10:10:43
Dobra ideja!site aramii na edno mesto! Prasuvam, dali nekoj nekogas od ovie ' duhovnici ' (!) bil pod lupa na nekoja antikorupciska ili slicna komisija? Ovi ,tkn 'duhovnici' imat po 4-5 stanovi, luksuzni vili, luksuzni limuzini,5-6 dukani.. zar se nepogresivi?a? A da. i zakonot / pamtite onoj za lustracija / gi stiti i brani od sudot nanarodot / ( sekoja cest za poedinci od ova klasa, koj se navistina cesni duhovnici)
Од: nikola
Датум: 09.05.2010 15:11:16
bravo za kontrapunkt!!! nesto popametno ne znaes da kazes???

Најди! во Утрински
На прво место
Европска маска за старата бугарска политика