Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Убаво е да се живее во светот на имагинацијата и на вистински начин таа да се искористи. Уметничкиот дух, што очигледно го поседувате, ќе ве направи многу среќни, но и успешни. Доколку очекувате партнерот да ги исполни вашите очекувања, следува разочарување.





БИК

Ви недостасува иницијатива, па затоа денот го минувате пасивно и во исчекување. Поради ваквото однесување, можна е истоштеност и ослабен имунитет. Не очекувајте дека ќе се случи некое чудо, бидете задоволни и со она што го поседувате.





БЛИЗНАЦИ

Конечно, реално и разумно гледате на работите. Знаете да бидете објективни спрема себе, па така може да ги согледате и направените грешки. Во љубовта сте себични. Кога земате, треба и да дадете, зашто ве очекуваат несогласувања со партнерот.





РАК

Се држите на дистанца од сите и од се' околу вас. Дали поради тоа што сте рамнодушни, или ја воспоставувате вашата внатрешна хармонија? Она што вчера ве иритираше, денес сфаќате дека непотребно сте се нервирале. Па, подобро некогаш, отколку никогаш.





ЛАВ

Променливите бранови на вашата сила, ве прават активни. Бидејќи кај вас, јачината и слабостите се менуваат, обидете се да согледате од каде доаѓа тоа и однапред подгответе се да го поправите однесувањето. Ако имате проблеми со срцето, намалете ги физичките активности.





ДЕВИЦА

Иако сте вљубени, не сте задоволни. Во љубовта евидентно не ви оди. Дали станува збор за разлика во години, или некој вид ограниченост? Важно е што емоциите ви се на вистинското место и во тоа не грешите. Вашиот главен адут – разумот, овој пат заскитал.





ТЕРЕЗИЈА

Доколку не се чувствувате добро, одговорот побарајте го во ѕвездите, кои укажуваат на хормонални проблеми што ве прават нерасположени. На нив не може да влијаете, но на расположението може, обидете се да правите работи што би ви помогнале да се чувствувате подобро.





СКОРПИЈА

Му се радувате на животот, се приспособувате во секоја ситуација и се' ви оди од рака. Најверојатно сте пронашле мир во себе или партнерот ви помогнал подобро да се чувствувате. Лице во знак на близнаци веќе долго време ве очекува.





СТРЕЛЕЦ

Ги решавате финансиските проблеми и ќе сфатите дека сте на позитивна нула. Важно е дека не сте во минус. Иако емотивниот живот е добар, материјалната ситуација ве измачува. Не грижете се, ве очекува одлична заработувачка, тргнете во акција.





ЈАРЕЦ

Кога ќе направите чекор напред, вие се враќате еден назад. Кога ќе застанете имате чувство дека тапкате во место. Планетите ги врзуваат рацете. За понечувствителни и помудрите ова правило не важи. Потрудете се и станете еден од нив.





ВОДОЛИЈА

Зошто им свртевте грб на многумина? Тоа ќе би го прости околината, но не и лицето со кое сте во врска, кое смета дека вашиот однос е проблематичен и размислува да ја прекине врската. Тргнете веднаш во акција доколку сакате да го спасите она што ви е драго.





РИБИ

Имате време за размислување и за сонување. Вашата интуиција доаѓа до израз. Наредните неколку месеци таа постојано ќе работи, па искористете ги можностите. Следува успешен ден, не дозволувајте никој да ви застане на патот и да го расипе со некоја мала работа.


#
Најди! во Утрински