Има еден американски пагански празник што се празнува на 31 октомври и станува се' попопуларен во светот, па и во Македонија. Тоа е празникот Халоувин, или во превод „Ноќ на вештерките“. На овој празник децата (па и возрасните) облекуваат костими на вештерки или други страшни ликови и домовите ги украсуваат со издлабена тиква. Исто така, се играат игри, кои по природа имаат магиски и култни елементи. Сево ова звучи многу забавно, но зад „лудата“ забава се крие една опасност; преку ваквите празници и практики луѓето (вклучително и децата) се учат да ги прифаќаат култните (ѓаволските) работи, како што се вештерството и маѓиите како нешто нормално, па дури и забавно.
Она што порано се сметало за зло и опасно, преку овој празник станува модерно. Жално е што на овој празник се' почесто му се придава внимание и во Македонија, па дури и од медиумите. Изненадувачки е дека некои од младите, (па и ноќните клубови) веќе организираат забави во чест на овој „празник на вештерките и мрачните сили“. МРТВ објави дека Католичката црква, согледувајќи ги опасностите и последиците од ова, веќе презема некои чекори. Еве што беше објавено: „Римокатоличката црква во Хрватска се придружи на иницијативата со која Ватикан ги повика католиците од целиот свет да ја бојкотираат „Ноќта на вештерките“, кој во последните неколку години ги преплави училиштата, градинките и кафеаните. Во хрватските градови по тој повод првпат ќе се одржи „Ноќ на отворени цркви“, пишува сплитскиот весник „Слободна Далмација“. Од седиштето на Католичката црква „Ноќ на вештерките“ е окарактеризиран како опасен антихристијански празник.
За разлика од овој „празник“, на истиот датум (31 октомври) низ цела Европа се одбележува еден значаен, христијански празник - Денот на реформацијата(во некои земји тој е прифатен дури и како државен празник). Овој празник потсетува на духовните и на социјалните реформи, кои пред околу пет века беа поттикнати од неколку храбри и одлучни христијански водачи. Тие го кренаа својот глас против корумпираната, црковна власт и против искривувањето на Божјиот збор. Како резултат на ова, настанаа огромни промени во тогашните европски земји, кои доведоа до поголеми човекови права, слобода во проповедањето на Евангелието, економски развој и напредок во науката и културата. Придобивките од реформацијата се огромни и е невозможно да се опишат на една страница. Дури и Македонија не е заобиколена од позитивните ефекти на реформацијата. Сепак (повторно за жал) ниту еден медиум во Македонија воопшто и не го спомнува овој значаен ден, кој е значаен настан во историјата на Европа. Останува Македонија да се запраша: дали оваа земја што се нарекува христијанска, претпочита да живее во духот на вештерките или во духот на реформацијата?
Ма ајде Горане, ништо не знаеш - Хелоувин доаѓа од американското: “Hello Windows“. Тоа го знае секој што инсталирал Windows.
Од: mkwikipedia
Датум: 03.11.2010 12:23:06
Немој така пријателе, од кај ти знаеш дека ниту еден медиум во Македонија воопшто и не го спомнува Денот на реформацијата?, го има на http://mk.wikipedia.org. Сурфај малку повеќе.
Од: sladj
Датум: 03.11.2010 14:48:40
relaksiraj se Gorane..ne e zivotot tolku seriozen, sto ti preci sto nekoj religiozen praznik..voopsto ne e paganski, tuku denot na mrtvite, kako kaj nas zadusnica, malce iskocil od religiozniot kolosek i stanal zabava. site se zabavuvaat, pari se trosat i site zadovolni..relax..ne e se samo VMRO i SDSM..uzivaj, pusti muzika i densaj!!
Од: ТН
Датум: 03.11.2010 16:31:51
од кога Википедија е медиум пријателе, медиум се нашите телевизии, а на нив ни Р од Реформација не е спомнато.. и ако Хелоуин не е паганизам тогаш што е?
Од: професорка
Датум: 03.11.2010 20:58:29
Ние цела година ловиме вештерки и се сложувам дека барем на овој ден треба да одмориме.
Од: ЖБ
Датум: 03.11.2010 23:25:08
Aко халовин не е пагански тогаш чиј празник е. ЖтВк Читај малку историја а не само некакви типично Македонски аргументации без никаква подлога.