Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен

Откривате различни неправилности кои постојат во вашето опкружување и се обидувате да ги исправите своите професионални пропусти. Сепак, нема причина премногу да зборувате за своите професионални планови. Важни се резултатите, а не придружните коментари. Немојте да давате ветувања кои нема да можете да ги исполните. Вашата насмевка и емотивната желба на значат многу, доколку не постои цврста намера.



Бик

Не сакате некој друг да одлучува за заедничките интереси, барајте заобиколно или корисно професионално решение. Претпазливо анализирајте ги своите соработници и прифатете нечии совети. Претерана доза храброст или самодоверба може да го искомплицира соработничкиот однос. Во љубовниот живот се' изгледа препознатливо или како совршена слика. Сепак, вие не изгледате спокојно и задоволно.



Близнаци

Во тек сте со сите важни случувања. Добро проценете ги личните можности и употребете ја предноста што ја имате меѓу конкуренцијата на работа. Важно е правилно да се наметнете меѓу соработниците. Партнерот се сомнева во вистината на вашите зборови. Послушајте ја својата совест и без лажни илузии.



Рак

Постои лице што се однесува доста професионално. Сепак, докажувањето на правдата не претставува ваша примарна цел. Не можете да влијаете на нечии одлуки и однесување. Партнерот не обрнува посебно внимание на вашите коментари, имате чувство дека ве држи настрана во однос на некои свои тајни планови.



Лав

Се обидувате да ја засените својата околина во својот самоуверен стил и ги прифаќате различните обврски. Заради почитување на некои работни договори, го прифаќате компромисното решение што ви го предложуваат блиските соработници. Потребно е да се контролирате пред да повредите нечии чувства.



Девица

Иако сте изложени на нечија наклонетост и симпатија, гледате дека тоа не е доволен услов да ги остварите своите работни намери. Не можете да го водите главниот збор или да поставувате нови услови. Некој друг одлучува за заедничките интереси. Нема потреба дополнително да се оптоварувате со нечии коментари. Бидете великодушни спрема саканото лице.



Вага

Добро размислете на кого треба да се потпрете во професионалната соработка. Отстапките што ги правите ја потврдуваат вашата сериозност околу професионалното договарање. Спонтаниот излив на нежност пред саканото лице носи заедничко задоволство и чувство на сигурност кое ви недостасува.



Скорпија

Имате доволно енергија и интересирање да се обидете во нови ситуации. Потребна ви е добра концентрација во моментите кога се носи клучна одлука. Завршете ги своите обврски во предвидениот рок. Не го криете задоволството, а насмевката е најдобар украс на вашето лице.



Стрелец

Обрнете внимание на нечии коментари, важно е да се приспособите на новите ситуации. Секоја корисна информација треба да се приближи до успешниот резултат. Околностите се менуваат, проценете го најдобриот момент за акција. Преосетливо реагирате на различни ситници, а партнерот ги согледува со други очи и ја смирува тензијата.



Јарец

Се наоѓате пред нова професионална дилема и ви е потребен нечиј совет. Мора да имате доволно храброст да ја прифатите одговорноста за своите постапки. Ситуацијата ќе се реши, нема причина за претерана загриженост. Поставувате високи потреби и користите строги критериуми во процена на нечие однесување. Неправедно го критикувате саканото лице.



Водолија

Вашите идеи не значат многу доколку и вашите соработници не се залагаат за истите принципи во професионално-финансиските договори. Успешните резултати подразбираат заедничка доверба во долгорочна соработка. Новите љубовни дилеми влијаат на вашето променливо расположение.



Риби

Доколку ви е битно правилно да ги решите изненадните компликации, употребете го личното искуство. Важно е правилно да се дистанцирате од лицето кое има сомнителни намери или негативно влијание врз вас. Нема потреба да смислувате нови и лажни изговори, кои ве доведуваат во непријатна ситуација пред саканото лице.



Најди! во Утрински