Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Груевски ќе влече поуки од критиките на ЕУ

Премиерот Никола Груевски очекува во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија да се потврди препораката за почеток на преговори. Тоа, според него, би значело дека ЕК и натаму смета дека државата политички, економски и културолошки е дојдена на ниво да може да ги почне преговорите за полноправно членство.

„Реално е во извештајот на ЕК да се констатираат и напредоци и некои забелешки, доколку ги има. Ние од тие забелешки ќе извлечеме поука и ќе направиме акционен план за нивно подобрување. На некој начин тие ќе бидат наш водич за следната година во кој правец да се фокусираме за подобрување на одредени сегменти од најразлични сектори. Важно е каква ќе биде генералната оцена, односно дали таа ќе биде во позитивно или во негативно светло и дали ќе се потврди или не веќе даденото мислење за почеток на преговорите“, рече Груевски.

Прашан дали беа неопходни новите вработувања во Секретаријатот за европски прашања, иако се укажува на слабости во јавната администрација, премиерот рече дека во минатиот период се направени одредени реформи во оваа област и оти верува дека тие ќе бидат забележани во извештајот.

„Има уште многу простор да се работи, уште многу работи да се подобрат. Продолжуваме да бидеме фокусирани на јавната администрација, особено сега откако ЕУ го доби извештајот на консултантската компанија СИГМА, од кој таа ќе црпи информации за натамошните препораки што ќе ни ги даде, за натамошната модернизација и реформи во јавниот сектор“, рече Груевски.

Тој додаде дека реформите досега биле раштркани во повеќе јавни институции и тоа била една од слабостите. „Не случајно ни беше сугерирано тоа да го концентрираме на едно место“, изјави премиерот. (МИА)




#
Статијата е прочитана 953 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 09.11.2010 12:26:52
Аман нека престане веќе со реформите! Не врати 100 години! Грујо, 21-ви век е, освести се!!! Батали триумфални капии, лавови, фонтани, миленциња на телевизор и ини кичераи. Почнаа да те читаат и полуписмените, гледаат дека имаме шарлатанска Влада. Интелектуалците (сем оние на партиски платен список) одавна те прочитаа....
Од: Kakvi pouki?
Датум: 09.11.2010 12:39:28
Ce vlecel pouki od kritikite na EU?! Pa nemu trista daskali ne mozat da mu pomognat da izlece bilo kakva pouka.
Од: b
Датум: 09.11.2010 13:51:57
Ќе влечел поуки? Сиромашкиот! Уште несфаќа дека се однесе во неповрат!
Од: g
Датум: 09.11.2010 17:35:11
Македонија е најубаво место на светот,а за исфрустрирани луѓе што коментираат глупости ,што и да направи било кој(на пр.Груевски и сл.) се ке им смета.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.11.2010 19:41:33
Да,видливо е дека „ќе извлекува поуки“... Шерифот McLaboud,во негов каубојски стил,веќе прогласи дека во извештајот пишува за забревтаниот процес кон посветлата иднина!Објави дека „извештајот е позитивен“,или во превод дека таму „нашата“власт е опишана во „најубаво светло“!Дури... сме ги надминале и најразвиените европски држави,сме го допреле климаксот на европскиот развој!Тој и неговите камаради се Неизмерна Трагикомедија за граѓаните на оваа држава!
Од: dd
Датум: 09.11.2010 20:18:06
A kolku daskali trebaat da ve naucat vas koi pisuvate komanetari po site vesnici. I toa vo vreme koga treba nesto da rabotite, a ne da dremete pred kompjuter. Dali e Grujo ili e nekoj drug, Evropa ke gi ima sekogas istite zabeleski. Bozem vo Bugarija se se sredi pred da vlezat vo EU, pa zatoa vlegoa! Ni 100 daskali nema da ve napravat popametni, za da procenite kako sto treba.

Најди! во Утрински
На прво место
Детство во судски лавиринти - ќерката на Спаска уште е со таткото
Со „Тешкото“ на бунт против власта






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'