Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Со „Тешкото“ на бунт против власта

Ги критикуваше сите досегашни власти, го посоветува премиерот Никола Груевски да ги пакува куферите, и' објави војна на мафијата, им се спротивстави на олигарсите... Со такви пораки настапи лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски, пред неколку илјади приврзаници на прексиноќешниот бунт кон власта во Скопје. Пред Старата железничка станица, која, како што вели Бошкоски, симболизира едно запрено македонско време, се играше „Тешкото“, ечеа зурли и тапани, со цел „да се разбуди и раздвижи македонскиот народ“.

Бошкоски му порача на Груевски дека „е готов“ и соопшти дека Владата на ОМ ќе води жестока битка против криминалот и корупцијата.

„Ќе се бориме против криминалците, кои со директорска плата имаат резиденции во Нерези. Против оние што го пљачкаат својот народ, што апсат полицајци за пет евра - за да се сликаат, додека вистинските криминалци остануваат неказнети“, рече Бошковски.

На митингот, кој почна со задоцнување, наводно, поради тоа што дел од симпатизерите од внатрешноста биле оневозможени слободно да дојдат во Скопје, доминираше иконографија во жолта боја и се носеа транспаренти „Борете се за државата, а не за партиите“, „На народот му треба храна, а не споменици“, „Бегајте од власта“...

„Мора да ја внесеме Македонија во НАТО и во ЕУ. Мора да ги прифатиме европските правила, бидејќи Македонија е срцето на Европа“, рече Бошкоски. Тој ги критикуваше состојбите во образованието, земјоделството, здравството, правосудството... Соопшти и дека е готова изборната програма на ОМ, во која имало решенија за проблемите во сите сфери од општеството.

Бошкоски се пофали дека има 65 илјади приврзаници и дека ОМ е најголема партија во државата. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 1489 пати.

Испрати коментар

Од: “Гласајте за мене и дефинитивно ќе ми биде подобро“
Датум: 09.11.2010 12:18:37
Целта на Бошкоски не е да се бори против криминалот и корупцијата. Неговата цел е ДА УЧЕСТВУВА во нив!
Од: nepartiski
Датум: 09.11.2010 12:44:24
Posle mirniot bunt maliot broj na buntovnici mirno si zaminaa doma , site srekni i zadovolni , so poraka povtorno da se sretnat na sledniot miren bunt.
Од: КОПИЈА НА АМДИ
Датум: 09.11.2010 12:52:04
Љубе е чиста македонска копија на Бајрам Амди.
Од: alek
Датум: 09.11.2010 22:05:46
Срамота е ова што го прави срамота и греота за Македонија.Ако смета дека ќе го симне Груевски се лажи,за да го стаса Груевски му требаат години години и пак нема да го стигни !!
Од: mite
Датум: 09.11.2010 23:51:30
Brat Ljube e idniot premier!!!!!!!!
Од: Milan
Датум: 09.11.2010 23:59:06
Bitno covekov e optimista deka ke ja prevzeme vlasta(kriminalot). Jadnik.

Најди! во Утрински
На прво место
Детство во судски лавиринти - ќерката на Спаска уште е со таткото
Груевски ќе влече поуки од критиките на ЕУ






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'