Со политички и лични навреди, обвинувања кој што направил за македонското евроинтегрирање, кој каков личен капацитет има и дали лаже, седницата на Националниот совет за евоинтегрирање се претвори во непродуктива дискусија од неколку часа водена меѓу претставниците на власта и опозицијата во националното тело, кое вчера требаше да дебатира за Извештајот од ЕК.
Искрата беше фрлена откако Флора Кадриу, па потоа претседателката на НСЕ, Радмила Шеќеринска-Јанковска, проговорија за случувањата околу телевизијата А1. Според нив, тие биле притисок врз слободата на медиумите и демократијата во земјава, нешто ќе биде нотирано од ЕК. Шеќеринска проговори и за опструирањето на работата на НСЕ од страна на Владата со недоставување информации.
Поп-Арсов ја обвини Шеќеринска дека можеби Владата и' одговара на нејзините дописи со кои се бараат информации до каде е процесот на евроинтегрирање, но таа не кажува. Според Поп-Арсов, со појавувањето на отворената програма на А1, опозицијата штитела компании што работат нерегуларно и побара извинување од Шеќеринска за изјавата дека „луѓето наместо да ја гледаат серијата ’Лисјата паѓаат’, гледаа како Груевски паѓа, и тоа на недемократски начин“.
Прозван за искривеното читање на извештајот на ЕК од страна на Владата, вицепремиерот Васко Наумовски жестоко возврати, но не со објаснувања и аргументи, туку со лична дискредитација и дисквалификација на Жерновски како портпарол на Ерван Фуере, а на Петковски како преставник на политичкиот систем на СФРЈ. Според него, и двајцата досега не направиле ништо за евроинтегрирањето на Македонија. Жерновски на тоа му возврати дека тој е недораснат за функцијата што за извршува.
На Шеќеринска Наумовски и' се обрати со зборовите: „Не сум сигурен дали сум во НСЕ или во Национален совет за недемократско уривање на власта“ и побара извинување од неа. Топката за пропуштената шанса за поднесување барање за кандидатски статус тој ја префрли во 90-тите години, наведувајќи дека тогаш власта на Бранко Црвенковски немала време за тоа бидејќи се занимавала со матна транзиција и шверц на нафта.
Дискусијата се обиде да ја пренасочи Џевад Адеми од ДУИ, според кого, сите треба да си признаеме дека единствената пречка на земјава за ЕУ и за НАТО е Грција и дека мора да се создадат политички услови, т.е. консензус Македонија да ја донесе најголемата историска одлука за промена на името, за што на Владата ќе и' треба помош од опозицијата. „Но, ваква дискусија не ми дава мотив да верувам во тоа“, изјави Адеми. Тој за случувањата во А1 рече дека се прикажани полошо отколку што се и според него, станува збор за злоупотреба на медиумите, изнесувајќи став дека некои медиуми ја преминале границата на етиката и на самоконтролата.
Навистина не знам која е користа од постоењето на Националниот совет за евроинтеграции, освен што е еден дебатен клуб чии дебати може да се одвиваат и надвор од Собранието. Плус тоа, Собранието ја има и Комисијата за европски прашања.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2010 12:16:17
Свесно се испушта во текстот цитирањето на г-ѓа Шеќеринска за наговестување на недемократско уривање на владата.Изјава која мислам не фрапира сите кој верувале во неа да таа не се служи со таков вокабулар.Таков вокабулар е достоен за другите нејзини сопартијци,кој ги видовме на А1 кога истата тв ја бранеа со уличарско-демократски манири.
Од: забеган.
Датум: 27.11.2010 13:51:01
ФЕЛИКС,,,А кај глеаш жити се демократија?????.Или розевите очила така ти покажуват
Од: mene
Датум: 27.11.2010 14:20:01
Do Feliks!
Na NEDEMOKRATSKO vladeenje na bugarofilcheto so nedemokratija ke mu se sudi...Causesku,Milosevic,Idi Amin...A Naumovski..hahaha...VIC premier po nesposobno zalutano kopile ne pamti makedonija.Imavme edna pokojna vice premierka taa bese medicinski fenomen:Mnogu zborese ama nisto ne kazuvase taka ja ucea od vladata ai taka rabotat..sega mazot i go nastavi deloto....ama ust MALKU.
Од: јас
Датум: 27.11.2010 16:59:31
Сречко , а дали демократија е да му забраниш на новинар да си ја брка работата со 30 полицајци и уште толку специјалци?? Чудна некоја демократија..Само , гледајте да не ви затропа иста таква „демократија“ на врата, поради да речеме погрешно препишан коментар !
Од: Kalimero
Датум: 27.11.2010 17:44:20
вицепремиерот Васко Наумовски жестоко возврати, но не со објаснувања и аргументи, туку со лична дискредитација и дисквалификација на Жерновски како портпарол на Ерван Фуере, а на Петковски како преставник на политичкиот систем на СФРЈ ___ Zborovi na Naumovski, koj narodot go plaka od svoj grb za da navreduva i grubo laze. Videte Makedonija so kakvi `DEMOKRATI` si imame rabota. Malku mu bese sto go izvestajot iskrivija, malku im e sto a zinat a izlazat. Preteraa preku site granici, kakvi li roditeli se ili pak ke bidat. Kako mozat svoeto dete da go vospituvaat da ne laze, koga oni lazat kako nikoj do sega. Mozeme da se proglaseme za zemja kade sto lagata caruva i koj ke kaze najsarena laga ke vladee so ovaa napatena drzava.
Sramota, vozrasni a lazat
Од: karokan "gambit"
Датум: 27.11.2010 18:13:36
G-dine Felix,ti navistina mislis deka vo vakvi
okolnosti mozeme da sprovedeme fer i demokratski
izbori???????.Predvremenite parlamentarni
izbori bea oceneti kako najnedemokratski vo
kratkata 20 godisna istorija na zemjata!!!!!!!!!!!
Lokalnite izbori bea oceneti kako nesto podobri,
za koi jas mozam da ti navedam eden kup primeri deka bea polosi od parlamentarnite,no nedemokratskite metodi bea posofisticirani i ponezabelezlivi za nabljuduvacite.Da mu go kazes seto toa na g-dinot Fuere,ce se cudi,kako sto vprocem se cudea i nekovite sonarodnici pred
nekolku godini,koga nasi prestavnici od FFM
im zakazuvaa sredba vo Ljubljana,pred natprevarot
so nivnata fudbalska selekcija.Sto se odnesuva do g-gjata Sekerinska,sto ti e cudno.
Pa neli,spored tvojot mediumski idol ("emotiven
cuvar" na mojot i tvojot identitet i literaturen jazik (skopsko-skopskocrnogorski dijalekt),taa e samo
obicna "cicolina".Sigurno ne se secavas!!!!!!!
A koj da se secava na vakvi drebulii,vo moreto gluposti !
Од: Феличита
Датум: 27.11.2010 21:47:18
Среќко,те чекам да се произнесеш за изјавата на Рамковски за плаќање партиски реклами со буџетски пари.Тоа е најбитната вест за цела оваа лала...ница!Има ли надеж за тебе?