Брисел - Европската комисија ги повикува сите политички партии на воздржаност и незлоупотребување на вчерашните случувања кај А1.
„Ги повикуваме сите политички субјекти да се воздржат од злоупотреба на овој инцидент за сопствена политичка агенда“, изјави Ангела Филот, портпаролка на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
Oд Европската комисија соопштија дека делегација на Комисијата во Скопје контактирала со министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и побарала појаснување во врска со оваа акција на полицијата.
Од К��бинетот на Кетрин Ештон велат дека се запознаени со случајот, но оти тоа не е во нивна надлежност и засега нема потреба да го коментираат, посочувајќи на кабинетот на Филе како единствен кој може да даде каков било став. (MИA)
Известувачот за Македонија Зоран Талер побара вчера објаснување од Владата за „ инцидентот со политичка интервенција“ во телевизијата А1, кој бил примен со изненаденост во Европскиот парламент. Потсетувајќи дека во последниот извештај на Европската комисија стои оцена за недостиг од слобода на медиумите, тој заклучува дека овој инцидент може да биде виден негативно како владин притисок врз медиумите во Македонија, особено што оваа телевизија е позната како нејзин критичар. „Очекуваме Владата да даде објаснување за овој акт и да ја има предвид слободата на медиумите како основно уставно право и заедничка вредност на модерните европски демократии“, стои во реакцијата на Талер.
За интервенцијата во А1 јавија светските агенции, а преку нив веста ја пренесоа повеќе странски медиуми. И покрај убедувањата од власта дека интервенцијата не била во телевизијата, туку во други компании на Велија Рамковски, странските медиуми го објавија спротивното, дека токму А1 беше цел. Бугарски „Фокус“, меѓу другото, напоменува дека Рамковски е неофицијален сопственик на три весници, иако тоа е спротивно на законите во Македонија. „Приватна ТВ-станица што ја критикува конзервативната влада тврди дека полицијата влегла во нејзиното седиште и го запечатила влезот“, е првата вест на Асошиетед прес. Според агенцијата, пред телевизијата се собрале неколку илјади луѓе, вклучувајќи и членови на СДСМ. Она што властите го нарекуваат истрага за злоупотреби, од А1 го критикуваат како напад на слободата на говорот, пишува АП. (Н.Р.)
a zosto Brisel ne intervenirashe 2006 koga Buc vleze vo A! ??.. pa novinarot si odrapa za napisot protiv Buc. A sega zvanicno A1 nema vrska so Velija i 40-te firmi, a baska nezaonski e Velija da ima i 3 vesnika i TV.. togash KRAJ na diskusijata, ne cehlanje na firmite, tuku ako ima zakon i drzava treba da mu ja odzemat televizijata, t.e. fizicki da mu zabranat da komanduva so nea, ako ne mozat ili da go uapsat ili da ja ukinat televizijata... ili zakonot za zabrana na poseduvanje poveke mediumi da go zakachat na macka za opashka
Од: Раде
Датум: 27.11.2010 15:15:34
Она што го видовме сите ние го виде и Брисел и цел свет. Попречување на работата на новинарите и една НЕСМАСНО организирана финансиска контрола придру��увана од полиција со целосна опрема за антитероризам. Никаде тоа го нема во светот.
Од: do Dimko
Датум: 27.11.2010 16:30:27
Dimko, ovde stanuva zbor za nacinot na sproveduvanje na zakonite, a ne zakonite. Koga treba da si raboti UJP nikoj nema problem, a vinata se dokazuva na sud! Ovaa vlast site gi apsi so kameri uste pred da bide dokazano dali se vinovni! Dosta veke so ova glupavo odnesuvanje-naucete se sto e demokratija i pravo da se bide!!!!!!
Од: јас
Датум: 27.11.2010 17:07:57
Објаснување за „„ инцидентот со политичка интервенција“ во телевизијата А1,“ кажува се’ за оваа ненародна блада,.
Од: Kalimero
Датум: 27.11.2010 17:52:09
E Dimko, Dimko sigurno si nekoe si portokalovo podlizulce, koe se bore za svoj gl`a`s. Dali e zakonski da pratenik ima svoja televizija, ili pak zakonski ja dobi Latas potvrdata deka ne e kodos od momata ministerka. Ako se povikuvas na zakon, toj treba za site isto da vaze i za portokalovite i za obicnite smrtnici. Dali zakonot vazi za RIK Sileks i gazda ZIngo. Vo Makedonija ima mnogu primeri za nezakonski raboti koj gi aminuvat prerodbenicite
Од: Зоко
Датум: 27.11.2010 18:12:13
Грешка до грешка. Нема да и бидеме симпатични на ЕУ. Шансите за преговори за влез се помалубројни. Можеби владата погреши но ако новинарите и мислат добро на земјава не требаше да ја разгорат ситуацијата. Тоа ти е балкан, од оваа кожа во друга тешко.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2010 18:58:20
Пак несмасно реагирање на загрижениве идни маршувачи за поголема улична демократија.Dimko ја свати пораката и затоа гневно реагира додека Раде како и неговиот камарад Феличита погрешно ги коментира ставовите.Опозицијата со недокваканата парада на невкус ги испровоцира бирократите од Брисел.Верувам да тие таму многу се израдуваа за желбата на уличарското рушење на демократски избрана власт.
Од: Мелбурн
Датум: 28.11.2010 04:54:48
И во странство кога се работи за ваков случај има полиција,и тоа тие ги разбиваат вратите тоа се има десено многу пати.Али вие во Мак.секогаш знаете од ортома да створите јажина.По мое мислејне секоја правна држава треба да си го собере данокот.А за сите крим работи само се одговара пред судија. Вие во Мак треба да ги оставите државата да си ја врши работата,сите засегнати треба дасе бранат на суд,све друго е само варца да ги бранат тие што ги вработиле.
Од: cento
Датум: 28.11.2010 11:47:51
Abe Rade! Si videl ti vo Amerika koga FBI frsi kontrola za zatajuvanje na danok? Prvo vidi posle kazuvaj....
Од: vojnik na pravdata
Датум: 28.11.2010 22:00:46
ova e golem sram za MAKEDONIJA i od ednata i od drugata strana n za zal se pojavi i treta koja ne znae za kogo igra ednite go izvadija od zatvor so milioni evra a drugite srekni deka za niv igra centarfor no na krajot centarforot mislam deka ce dobie crven karton i toa na 5 sekundi pred svirezot na sudijata
poznavajci gi okolnostite vo celata situacija ova e eden golem sram nie MAKEDONCITE dozvolivme da ne podelat zaq svoi interesi od koi nie nemame nikakov car
Од: od belgijanec
Датум: 29.11.2010 08:40:44
sekoj si kazuva kako sto mu odgovara ama ovde se raboti i nesto drugo ovde najpoveke makedoncite gi bunit imeto velija ramkovski;e toa e problemot sto ne moze makedonija da odi na demokratski nacin.ako ne bila dobra tv A1 nemase narodot da manifestira niz cela makedonija sigurno nemala vladata pravo da mu ja zatvorit televizijat zatoa sto taja tv naj otvoreno go iskazuva ona sto se slucuva vo makedonija malku treba vije sto pisuvate komentari da se odrecite odglupostite sto gi tresite cel svet ve cita omraza stavate megu narodot; i jas sum na pecalba kako i vije sto ste vo dalecni kontinenti slabi sve uste vo kulturata nazat sve mnogu za da ja imate evropskata kultura pozz
Од: Феличита
Датум: 29.11.2010 10:43:21
Среќко,никако да го кажеш својот став за тврдењето на Рамковски за трошење буџетски пари за партиско рекламирање!Се друго во оваа ситуација е споредно.