Новата партија на Филип Петровски и ВМРО-НП би биле моторот на новиот демохристијански блок
Александра М. Митевска
Се реактуелизира идејата за обединување на помалите партии на десницата контра конгломератот од која произлегоа - владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Планот што своевремено го презентираше Филип Петровски, кој набргу потоа беше исклучен од ОМ, повторно добива на тежина по најавите дека тој ги почнал подготовките за формирање нова демохристијанска партија.
Петровски завчера, во изјава за „Утрински весник“, ниту потврди ниту демантираше дека прави партија. Сепак, според наши информации, тој пред извесно време повторно имал средба со поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, чија партија ВМРО-НП се споменува како потенцијална членка на новиот десничарски блок, што би ги артикулирал гласовите на незадоволните вмровци, односно на традиционалното гласачко тело на десницата.
Се планирало партијата што би ја формирал Петровски во голем дел да биде составена од млади интелектуалци и од личности што досега не учествувале активно во политичкиот живот за да се привлечат и дел од големиот процент неопределени гласачи. Партијата, која, наводно, има амбиција да преземе кадри и од ОМ и од ВМРО-ДПМНЕ, би била пр��мовирана на пролет откако до крајот на годинава ќе се формира иницијативниот одбор за нејзино конституирање.
Во новата десничарска коалиција, покрај ВМРО-НП и партијата на Петровски, би влегло и Здружението на бранителите „Достоинство“, кое пред извесно време најави политички ангажман. Евентуално, би се нашло место и за некои помали конзервативни партии што се појавуваат од избори на избори, но чии гласови би имале соодветна тежина доколу се слеат на едно конто наместо да се дисперзираат како досега. ОМ, пак, најверојатно, би останала надвор од овие комбинаторики не само поради анимозитетите меѓу Георгиевски и Љубе Бошкоски, туку и поради тоа што идејата за обединување на десницата беше главен камен на сопнување меѓу Бошкоски и Петровски.
Јасна е математиката на поддржувачите на планот за сплотување на десницата контра ВМРО-ДПМНЕ и нејзината 20-члена коалиција, главно, составена од помали партии. Ако се имаат предвид последните анкети на јавното мислење, на следните парламентарни избори владејачката партија тешко би го повторила успехот од 2008 година кога освои апсолутно мнозинство во парламентот. Од друга страна, социјалдемократите се' уште не се во позиција сами (или во соработка со партиите од широкиот фронт) да издејствуваат смена на власта. Во ситуација кога ниту една партија не е блиску до апсолутна поддршка од гласачите, пак, се отвора простор за пробив на помали политички субјекти, а постизборно се неминовни различни комбинаторики при формирањето на новата влада. Таков беше случајот во 2006 година кога НСДП обезбеди седум, а ВМРО-НП шест мандати во парламентот.
Овој пат процените се дека треба да се ефектуираат и да се соберат на едно место близу 150 илјади гласови (колку што освои Бошкоски на претседателските избори) на избирачи што се незадоволни од владејачката партија на десницата, но кои никогаш не би гласале за СДСМ. Во случај, пак, на самостојни настапи на помалите десничарски партии, тие гласови би се расцепкале и меѓу нив и во шестте изборни единици, од што најголема корист би имала ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи пропорционално-регионалниот изборен модел ги фаворизира големите партии и коалициите. Досегашното искуство покажа дека на секои парламентарни избори одат во ветар по неколку десетици илјади гласови на помали партии што учествувале на изборите, ама не обезбедиле влез во законодавниот дом.
По се изгледа, историјата како учителка на животот, ништо не им значи на авторите на десничарскиот пакт. Дали во прашање е големиот мерак да се има сопствена партија, или повторно проработува општопознатиот македонски синдром за самоуништување ке покаже времето. А дотогаш живи биле па виделе!
Од: Milan
Датум: 07.10.2010 13:23:13
Se dodeka e Singo "pozadi" Gruevski, nikoj nisto ne mu moze. Stom Singo resi da menja koalicija, e tek togas ke go pustat Grujo niz voda. Zatoa pod hitno e potrebna lustracija za da se vidi koj, kakvi i civi sluzbi ni ja kontroliraat drzavava, i koj se nivnite "prestavnici" vo drzavava. Se dotogas ke ima obvinuvanja na relacija Gruevski-Crvenkovski, dodeka glavnite figuri ke se krijat pozadi niv i ke si igraat i so narodot i so drzavata.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.10.2010 13:28:28
Добра идеа на окрупнување на ништо,резултат ќе биде се знае,како во 2008 год. што им се случи на заговарачите на ваквата идеа.Што би рекле Србите,,нестали су у даљини,,.Пак провејува песимизам за успехот на левата опозиција.Демек ,,ако сме поразени ама овие да немаат над 60 пратеника,,Тогаш ќе правиме турли-тава од партии на куп,само да неможат да формираат влада.Иземти таква ,,победа,, зачинета со петти пораз.
Од: Мене
Датум: 07.10.2010 13:36:28
Ако Љубчо смета дека незадоволниците од ДПМНЕ треба да му се ударната тупаница, или па мисли дек�� искористени ликови ќе му ја зголемат релевантоста длабоко греши.
А Филип просто не е релевантен, седи на ДПМНЕ-вска фотеља во Градсака библиотека, а продава опозициска прашина.
Му требаат нови лица со стариот лидер Љубчо.
Но секако ДПМНЕ сеуште е главниот играч.
Од: dejan
Датум: 07.10.2010 14:08:39
Ljupco sam ke go pobedi Gruevski na izbori a sekoj vmrovec smetam deka e dobredojden kaj Vojvodata koj ostana dolseden na VMRO kako ideologija
Од: tomo
Датум: 07.10.2010 16:06:27
Filip i Ljupco se lugje na Grujo. Nova ideja na Grujo kako da gi namali glasovite na Branko.
Од: SPIRIDON
Датум: 07.10.2010 17:44:24
So desnite kadri ili nekadri,kako što miluvate.rekol Šekspir,a toa dete bilo učeno,niščo ne prae "koalicijata" protiv Nikolčo,ličen na mama Nada.E zašo li?Via se se "gledani "filmove,i nogu opaški se vlečatzad ni.Filipče,dušo,ne zabravime šo se napravi,razbira se,karieristički,posle kampuvanjeto.A narodo ne saka takvi.Pa se poftoruvam.Česni,iskreni,tvrdi,oddadeni so srce,duša i a*kl na kauzata,ne za obedineta Makedonija,ama za pobezbedna,pomirna,pobogata,pouredena,bez 2014,..15 i taka nataka.Bez mister tenderi.Šo mislat,ne gi čitame,ta Nikolčo,ta Stavrevski,ta Paskota,a za Mijalkovite duma da ne praeme.Tolku,oti od jad ki fanam u matnite vodi,a nogu gi ima u vaa bibliska zemja,so via biblisko antički čoveci i čovečuljci.
Од: алек
Датум: 07.10.2010 22:00:21
Старите имаат една добра изрека кој мислам дека одговара на ова што го читам и вели :Таа овца што се дели од стадото секогаш ја јади волкот !!!
Од: Dosta etnicko cistenje "Otode Grupcin"!
Датум: 07.10.2010 22:21:21
Vo 2001 i 2002 predupreduvav na zaverata protiv Makedonija i protiv nejzinite politicki partii "nekadarni da vladeat" za da moze lesno da se "rastura Makedonija". Razdeli pa vladej e nadvoresniot recept so koj sto sesrdno se sluzat vnatresnite petokolonasi. Namesto apsolutno dvotretinsko mnozinstvo vo parlamentot na istomislenici koi ke rabotaat ZA MAKEDONIJA nie imame istorija na SDSM i DPMNE koi se prikazani kako "nekadarni da vladeat" a drugite partii "nekadarni da bidat politicki faktori"...isto scenario od 1908 koga Turcija (otomanskoto carstvo) prvo bilo proglaseno unfit to rule- nekadarno da vladee a potoa so dopolnitelni operacii i rastureno ostavajki im se kako plen na neprijatelite.
Makedoncite ne smeat da dozvolat da bidat proglaseni nekadarni da vladeat kako Bosna i Hercegovina...i drugi primeri!
Makedonci osvestete se, nemame druga drzava- ili vladejte kako treba ili prinudna uprava! No prinudnata uprava moze prvo da vi dojde odnadvor od tie koi ne gi stavate pod razno
Од: nikola
Датум: 08.10.2010 00:01:23
Filip, kako i mnogu predhodni, ambiciozni mladi luge saka da vleze vo politikata na golema vrata. Toj nema vreme da ceka. E ubava mu e idejata ama da se stavi vo ista linija so LjuBco Georgievski, dokazan bugarofil, znaci deka sansite za uspeh mu se nistozni. Nema vo Makedonija dovolen broj 'slepi' Makedonci (Bugaro-nostalgicari) za da go izguraat na Vlast. Filipco, sepak ke mora da im se dodvoruvas na onie obicnite Makedonci ako sakas vo Sobranieto - Ljupco ne ti e nikakov AS....