Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Од случувањата што се пред вас можете се право многу да очекувате. Бидејќи сте во хармонија со самите себе, а и со другите, тоа повеќекратно ви се враќа, како на деловен, така и на емотивен план. Доколку имавте здравствени проблеми, се наоѓате во фаза на подобрување.



Бик

Успехот го делите со соработниците. Не само што славите туку и одлучувате да ја проширите соработката. Сознанието дека и другите многу придонесле да постигнете признание - ви ја враќа самодовербата и вербата во луѓето. Таман помисливте да се откажете, кога околностите навестуваат поволен резултат.



Близнаци

Фативте залет и тргнавте во акција, а претходно не го испитавте теренот. Оттаму се сите недоразбирања и колебања. Одлучувате за склопување на тајни аранжмани и желба да дојдете до оние што не ве сакаат баш многу. Почнете да градите односи што ќе бидат коректни, така нема да правите погрешни чекори.



Рак

Во свој елемент сте: емотивна сила, склоност кон удобен семеен живот и решавање на прашањата во врска со домашните - може да бидат во прв план. Доколку имате слични проблеми, тие, дефинитивно, се од психосоматски тип, настанале како последица од дилемите и нерасчистените ситуации.



Лав

Избегнувајте шпекулации и сомнителни работи, од нив можете да излезете како

оштетена страна доколку некој ве испровоцира, обидете се да се контролирате. Не дозволувајте другите да помислат како ја губите земјата под нозе. Опасноста можете успешно да ја избегнете само ако сфатите дека нема добивка без работа.



Девица

Од вас се бара максимално внимание доколку сакате да ги избегнете сите деловни стапици и материјални губитоци. Бидејќи сте личност што умее да владе со ситуацијата, но без да извлече максимална корист од сето тоа, добро размислете, и успехот со сигурност нема да изостане.



Терезија

Пред вас е динамичен и возбудлив ден во секој поглед. Ги извршувате сите работи, остварувате успешни средби и одлично се чувствувате. Моментално сте во фаза на размислување во врска со продажбата на недвижности. Доколку сакате да успеете во тоа, морате да ја спуштите цената.



Скорпија

Благодарејќи на емотивното задоволство, функционирате во сите сфери на општествениот живот. Сакале да си признаете или не, партнерот ви отвора многу врати. Ви помага да успеете во некои работи за кои, да не е тој, не би смееле ниту да сонувате.



Стрелец

Денот е поволен за планирање венчавки, договори и нови работи. Сите одлуки што ги донесувате имате поголеми шанси за реализација отколку порано. Ситуацијата ве прави оптимисти, и тоа не без причина. Се надевате дека еден проблем ќе елиминирате. Бидејќи многу го сакате тоа, ќе го решите.



Јарец

Кога би биле поодлучни и посигурни во себе, би имале повеќе успех. Секогаш се колебате, калкулирате и немате храброст да тргнете во отворена акција. Кој не рискира, тој и не добива. Ако посредувате во продажба на недвижности, можете да се надевате на успех. Со Лав сте во фантастични односи.



Водолија

Ве фати паника, не знаете како да излезете на крај со проблемот. Кога најмалку се надевате, ќе добиете конкретна помош. Денот е поволен за тимска работа и дружење. Постигнавте видливи резултати и не треба да бидете оптоварени и загрижени.



Риби

Сите оние што се занимаваат со креативна работа и со уметност, ќе имаат инспирација. Периодот пред вас не е поволен за практични работи, но затоа е поволен за креативни. Ако ја слушате својата интуиција се ќе биде во ред, во спротивно, ќе доживеете разочарување.


#
Најди! во Утрински






Hungarian ultra-nationalist missionaries fail in Transylvania
Slovenia still blocking Croatia's progress towards EU
Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads