Што прават денеска
Жељко Самарџиќ
пејач
И денеска сум во Скопје, по вчерашната прес-конференција, каде што го најавив мојот концерт на 22 октомври во салата „Борис Трајковски“. Во план за денес се неколку ТВ-интервјуа, па доцна попладне заминувам за Белград. Претходно морам да купам од Скопје се' од списокот на сопругата и не смеам да се вратам дома без бамји.
Снежана Велков
ТВ-водителка
Вообичаено станувам околу 8.30 ч. и веднаш проверувам мејлови. Околу 10 ч. веќе сум на работа во Сител и почнува трката по информации, трачеви, снимања..., што трае некаде до 20 ч. Потоа целото време и свет му го подарувам на син ми Ален, кој сега е во фаза на игра со коњчиња.
Венко Серафимов
музичар
Вчера во Скопје пристигна Киро Урдин, па денеска одиме заедно во студио кај Картер да прегледаме некој снимен материјал. Вечерва, пак, имаме проба со Кокан Пандиловски и подготвуваме трибјут, заедно со Трајко Каров, по повод 40 години од смртта на Џими Хендрикс. Трибјутот ќе се одржи на 22 октомври во Штип. |