Број 3346  петок, 30 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



Овен

Во фаза сте на правење планови на долги патеки. Бидејќи се убаво замисливте, сега следува акција и спроведување на дело. Денес тоа тешко би ви одело бидејќи повеќе комуницирате отколку што работите. Чувајте се од настинки на кои сте наклонети.



Бик

Во одлична форма сте, па би било штета да не го искористите конструктивното влијание на планетите. Сите убави работи ви одат од рака, особено оние што се однесуваат на љубовта и на здравјето. Одлично соработувате со блиските, здружете ги силите и ќе постигнете се'.



Близнаци

Ова е многу конструктивен ден. Ако не се распрскате на сите страни, постои можност од ситуацијата да извлечете максимум. Иако околината не ве слуша, тоа не ве допира. Постојано сте окупирани со позитивни вести, па ништо не може да ви го расипе расположението.



Рак

Доколку имате здравствени проблеми, знајте дека се минливи. Болките во стомакот немаат конкретно објаснување, можно е да се последица на нервоза. Морате да бидете емотивно прибрани. Потрудете се да останете во добри односи со блиските.



Лав

Во фаза сте на стекнување популарност и излегување во јавноста, затоа посветете внимание на својот изглед. Треба да блеснете во полн сјај. Денот е успешен за работа, без која се ви се чини бесмислено. Љубовта е на прво место, но морате малку да погледнете и околу себе.



Девица

Искористете ги максимално поволните планетарни влијанија. Не работете многу, оставете време и за своја душа. Партнерот очекува да му правите друштво и да ги поминете заедно слободните моменти. Доколку не сте во стабилна врска, едно пријателство ќе ве разниша.



Терезија

Се' ви оди по план бидејќи ѕвездите ви се наклонети. Доколку имате проблеми, самите сте виновни. Голем дел од вас се комуникативни, креативни и добро расположени. Потрудете се партнерот да не ви го расипе денот. Насочете се кон себе и кон она што го сакате.



Скорпија

Безмилосно се трошите на работа и дома, а за излегување и да не разговараме. Ви успева да ги остварите сите планови, а се појавува шанса и за нешто за што до скоро можевте само да сонувате. Може да очекувате подобрување на здравствената состојба.



Стрелец

На работите и случувањата гледате од практичен агол. Не сакате работата да трпи поради некои ваши погрешни ставови. Потрудете се што повеќе да се дистанцирате и да бидете објективни. Кога ќе се повлечете, ќе сфатите дека сте напнати и исцрпени.



Јарец

Под услов да закрепнете од претходните случувања и шокови, полека влегувате во нормала. Со партнерот водите борба за доминација во која нема победници. Моментално сте во подобра позиција, затоа потрудете се од компромисите да изградите односи.



Водолија

Во фаза те на водење битка за егзистенција. Имате чувство дека на партнерот можете да се потпрете бидејќи тој заплови во други води. Немате право да му се мешате во работата а тоа помалку ве нервира. Подготвени сте да се расправате за секоја ситница.



Риби

Градите кули во облаци. Вашите главна преокупација прилично е нереална. Морате да се спуштите на земја ако сакате да постигнете успех. Окупирани сте со парите и здравјето, морате да бидете внимателни и да не правите чудни комбинации.


#
Најди! во Утрински