Што прават денеска
Мартина Мишеска
менаџер за пивски брендови
Денес ме очекува навистина интензивен ден. Од 8 часот почнувам м со работните обврски во Пиварница „Скопје“ и со координацијата со колегите поради претстојниот одмор. Веднаш потоа заминувам за Охрид на средба со новинарите пред денешниот старт на првиот „Охрид пиво фест“. Бидејќи таму е се' подготвено, со нетрпение ја чекам вечерта за сите да се забавуваме со одлична музика и со ладно „скопско“.
Ана Мало
диџеј
Последен ден за подготовки пред утрешниот настан, хип-хоп фестивалот што ќе се одржи на плажата „Џими бич“ во Охрид со почеток во 23 часот. Денеска одам во шопинг во потрага по комбинација на алишта што ќе ги носам утревечер на мојот настап на хип-хоп фестот.
Марјан Мац Петровски
модел и диџеј
Станувам рано, а пред да измијам лице, ќе го проверам „Фејсбукот“. Потоа трчам на Водно, па одмор со некој филм и повторно „Фејсбук“. Попладне вежбам во теретана, а вечерта ќе се прошетам низ скопските кафулиња на сладолед со моите другари, а пред да си легнам пак ќе се закачам на Интернет за да да видам што сум пропуштил.
|