|
|
|
|
|
|
Руфи Османи ќе ја формира партијата напролет
Гостивар - Новата политичка партија на Албанците во Македонија што ја најави Руфи Османи откако стана градоначалник на на Гостивар како независен кандидат, наместо до крајот на годинава, ќе се формира напролет идната година. Османи на вчерашната средба со новинарите најави дека партијата ќе се залага да се направи историски консензус, редифинирање на македонската државата како држава на македонскиот и на албанскиот народ.
Одлагањето на формирањето на партијата, како што појасни Османи, е поради тоа што не се закажаа предвремени парламентарни избори. Во меѓувреме сакаат да направат квалитетна селекција на кадри што ќе бидат голем политички капитал на новиот политички субјект. Според Османи, неколку работни групи веќе работат на изготвување програма на политичкиот, економскиот, социјалниот, образовниот и на здравствениот дел.
„Откако ја добиеме првата верзија, јавноста поконкретно ќе ја информирам за содржината и за она по што ние ќе се разликуваме од другите политички субјекти што се на македонската политичка сцена. Во суштина, таа претендира да примени остри економски фискални политики како предуслов за да се излезе од тешката економско-социјална криза“.
Гостиварскиот градоначалник ги приближи политичките ставови со централната власт, особено со владејачката ВМРО-ДПМНЕ. По првата официјална средба со премиерот Груески, како што објасни Османи, со аргументи му докажал на премиерот дека општината Гостивар била неправедно маргинализирана од централната власт од сите капитални инвестиции, поради притисокот на ДУИ кон независниот градоначалник на Гостивар. Односите се подобрени, смета Османи и вели дека општината доби финансиска поддршка за реализација на неколку капитални објекти во образованието и во инфраструктурата. (К.К.) |
#
|
Статијата е прочитана 1188 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Lumjani |
Датум: 11.12.2010 16:04:44 |
|
E Sega moze Nesto da se sluci za dobro |
|
|
|
|
|
|
Од: SPIRIDON |
Датум: 12.12.2010 16:34:13 |
|
Pozdravuvam gi namerite na gospodino Rufi Osmani za redefiniranje na državata ni kako država na makedonskio,albanskio,turskio,vlaškio,srbskio i t.n.narod i narodnosti,kako i istoriskio konsenzus,razbira se,imajki gi vo predvid rezultatite od idnio popis i želbata i stremežo da se grade nov život i soživot,no ne na principite na 25 ili neznam kolku ke ispadne %,ama naprincipo na stručnos,profesionalnos,česnos,lojalnos i iskreno gradenja na državata ni kako mesto za ubavo živeenje na nas i našite deca.Tuka ja poddržuvam inicijativata od nijna strana,a ke dojde,veruvam,za posreduvanje u rešavanjeto na problemite so makedoncite u Albanija i Kosova,dali kako narod ili narodnos,isto kako i angažiranjeto za priznavanjeto na Kosovo i slični problemi.Seto voa ,razbira se,so zabravanje na istoriskoto "truenje",Aračinovo,znameto i sličnite naši i vaši problemi gospodine Osmani.Po. |
|
|
|
|
|
|
|
|