|
Хороскоп
Овен
Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите! На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете се' што знаете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата.
Бик
Совршени можности ќе ги следат вљубените и оние што се на пат да се вљубат. Денот е погоден за финансиски трансакции, соработка со пријателите и работа со децата. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија. Забавувајте се во друштво.
Близнаци
Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот. Поправете ги расипаните апарати и направете ги неопходните поправки во својот дом. Можни се проблеми со грлото. Бранете ги своите животни уверувања.
Рак
Нема да бидете доволно смирени за улогата што сами себе си ја наметнавте. Одложете ги плановите! На работното место се можни сплетки, но немојте да учествувате во нив. Пред да се напиете од некој лек, прочитајте го упатството. Не го покажувајте немирот што тлее во вас!
Лав
Љубовниот живот ви поминува низ хармоничен период, но вие сте премногу уморни за нежности. Многу нешта ќе ви бидат нејасни и неизвесни. Не наметнувајте се премногу. Занимавајте се со надворешниот изглед. Во ништо не претерувајте.
Девица
Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате во сите нејзини благодати. Денот е исклучително поволен за купување, договарање соработка и преговори околу парите. Омилени сте, привлечни и задо��олни со себе. Забавувајте се со пријателите.
Терезија
Ништо не му оставајте на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите вие. Ќе напредуваат оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки. Наметнете се со своите идеи.
Скорпија
Влегувате во минлив период на преиспитување на своите чувства. Ќе посакате промена. Внимателно обработете и подгответе ја секоја важна деловна информација. Внимавајте на својот изглед. Бидете уредни. Проверете ги примените вести.
Стрелец
Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и на расположението. Во донесувањето заклучоци држете се до фактите.
Јарец
Привлекувате лице за која не сте сигурни дали му одговара на вашиот идеален тип. До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогнат медитацијата и вежбите за истегнување. Не ги потценувајте непријателите.
Водолија
Прашањата врзани за домаќинството и однесувањето на блиските ќе бара поголема концентрација. Време е да се фатите во костец со неплатените сметки и трошоци. Искористете ги моментите на осаменост. Избегнувајте стресни ситуации.
Риби
Немојте премногу да им се давате на оние што не знаат тоа да го ценат и да го препознаат како љубов. Со решително „не“ обидете се да ја избегнете мешаницата, здодевните посети и исцрпувачките полемики. Потребна ви е промена на климата. Бидете доследни сами на себе.
|
#
|
|
|