Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Лустрација со политичка дерегулација

Назми Малиќи

Филмот со досиејата го гледаме во време кога се насто��ува тајните служби да се стават под владина капа

Пред извесно време разменувавме мислења со еден новинар како ќе изгледа политиката на сегашните политички партии по неколку години. Иако бев претеран оптимист околу кадровските промени во политичката елита за спласнување на меѓуетничките тензии, за градење држава и почитување на уставните темелни вредности. Предвидов дека со политиката ќе раководат луѓе кои сега се образуваат според нови стандарди, кои ќе внесат нови вредности, нов начин на политичко дејствување растоварен од стереотипи и тензии и, конечно, дека ќе дојде до израз слободниот глас на граѓаните за градење функционална и непосредна демократија. И сега, кога се очекуваше дека посериозно ќе се истакне загриженоста и ќе почнат да се решаваат економските и социјалните проблеми, ќе се надминуваат проблеми околу приближувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ, дека партиските елити ќе воспостават нормална комуникација за прашањата што се дел од партиските определби и меѓу албанските политичари - таквите приоритети се поместуваат. За дилемата - дали таквото поместување на политика е под покровителство на премиерот или на некоја друга влијателна личност - понекогаш само срамежливо се намигнува, но не се зборува. И неалбанските новинари како да посакуваат да ја негуваат невербалната комуникација.

Во недостиг од подобри идеи за повредни проекти, главен партиски приоритетот станува „играњето“ со процесот на лустрација. Се отвораат теми кој помалку или повеќе „бил таков или онаков“. Во сите кулоари со голема скепса се следи овој меѓупартиски филм. Таа скепса се доградува со таква перцепција, затоа што живееме во општество со партизација на државната и на јавната администрација, како и со партизацијата на најважните сегменти на државните безбедносни структури. И затоа можеби е коректно прашањето - зошто сега на Албанците им се нуди партиска определба во јавната дебата за досиејата. Или можеби е покоректно да се постави прашањето - дали се има предвид дека постојат повеќе видови досиеја. Зошто се влегува без потреба во стапицата на бившите удбаши што беа и составувачи на досиеја. Едни се досиејата што ги скроиле тајните безбедносни служби на некогашна Југославија и на службите на државна безбедност на Социјалистичка Република Македонија. За составувањето на тие досиеја тогашните безбедносни тајни служби беа извежбани, усогласени во намерата да вовлечат голем број Албанци во несреќи, трауми, фамилијарни поделби, манипулации, раздор меѓу најблиските, убивање на војници во ЈНА, растурање бракови, убивање во затворите, афери, наместени сообраќајни несреќи итн. На такви човечки трагедии беа изложени и еден дел од Македонците, кои со тага се сеќаваат на таквото минато. Таквото минато, сепак, не е историја. Затоа што повеќето од жртвите, кодошите и составувачите на досиејата можеби се' уште се меѓу живите.

Да бидеме на јасно, постојат и други досиеја што ги кроеле и самите граѓани. Тие досиеја се поверодостојни. Во нивна перцепција и меморија останале трајни трауми и паметења за луѓе кои беа влијателни „државници“, кои жареле и палеле, значеле власт, а и повеќе од тоа. Тие влијателни личности биле наредбодавци и за составување на полициските досиеја на жртвите на системот на луѓето кои биле без ничија заштита. Затоа, размислувајќи, во мислата ми се фокусира дилемата - која е сегашна улога на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Која е негова превентивна улога - да ги приближи скараните партиски страни и луѓето од политиката што мислат дека досиејата се играчка. Затоа што тајните досиеја не се список на желби и препораки што би требало да бидат топ-тема на државата. Дали тој се сомнева дека нешто во целиот овој процес е надвор од законската регулатива, дека нешто се нарушува или се загрозува. И воопшто не сакам да се посомневам дека и самиот директор е дел од оваа партиска забава на досиејата.

Така размислувам имајќи го предвид почетокот на плуралното партиско движење во земјава, некаде во 1992 година. Јас и некои мои тогашни сопартијци се сеќаваме на добрите и искрени намери и пораки што ги делеше неговиот татко - за поставување на темелите на повеќепартискиот систем во Република Македонија. Да се разбереме, ние сме заложници на нашиот балкански менталитет, дел од некоја партиска публика на која, ете, му значи кога нешто се шушка, кога се поместуваат партиските интереси, кога луѓето се самозадоволуваат, кога се живее со перцепција за психолошка болест, кога се забавуваме со нешто. Како и да е, дел од некоја цел за да се постигне. Таа делумна цел со досиејата можеби е и постигната.

Албанскиот електорат и понатаму ќе се забавува без конкурентни проекти, без просперитетен предизборен предизвик или, поточно, без јасен предизборен преглед. Партиската конкуренција се наметнува со проект за поделба или раскол на албанскиот електорат. И на партиските елити веќе им е јасно дека процентуално повеќе од половина од електоратот на Албанците нема да гласа, бидејќи веќе ништо не им значи гласањето. Ја голтнале јадицата на проектот на кавги, кој со леснотија го прифаќа и дел од електоратот, а притоа се спречуваат да бидат градители на кохезиона политика. Се создава таков непотребен политички амбиент - гласачката публика да се фокусира само во скараните политички партии. Притоа, другите проекти се релативизирани до степен да станат не многу важни. Според се', изгледа и ДУИ и ДПА влегуваат во игра на нерегуларен натпревар. Не посакуваат некоја друга партиска политичка опција како конкурент, која со нив би го делела изборниот колач. Со нивните настапи како да посакуваат да бидат актуелни во јавноста, да бидат сами и поинтересни и да се самозабавуваат.

Овој филм со досиејата го гледаме во време кога се настојува тајните безбедносни служби во Република Македонија да се постават целосно под владина капа. Тоа се случува во време кога повеќето од професионалците, но и од НАТО и ЕУ-експерти, кои се разбираат од оваа проблематика, се изразува сомневање дека со предлог-законот за УДБ не се работи за реформа што ќе се заснова на принципите како во другите земји во светот - да се направат административните промени на овие структури - туку со комбинации на човечките ресурси, се прави се' за да продолжи тоталната партизација.

Да бидам појасен, во време кога тајните досиеја на некакви тајни безбедносни служби станаа феномен за партиска превласт, реални се оценит�� дека како земја и натаму остануваме надвор од добрите практики што ги нудат земјите-членки на ЕУ и на НАТО, кои се однесуваат и на заштита на човековите права и слободи на граѓаните и на вработените во таквите служби. Во овој контекст, во земјите со такви добри практики, кои веќе живеат со функционална демократија - парламентот и соодветните комисии не се поигруваат со нивниот авторитет. Пратениците во земјите што изградиле безбедносна култура заснована на вистинска демократија ги соочуваат нивните уставни компетенции и влијанија. Парламентарната контрола на тајните безбедносни служби е приоритет од нивниот парламентарен мандат. Ако ги споредуваме таквите парламентарни задолженија, нашиот парламент е за никаде. Во овие години во земјава имавме афери, убиства, делење летоци со досија, полициски пречекорувања на овластувањата, а соодветните парламентарни комисии за сето тоа беа глуви и неми.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 857 пати.

Испрати коментар

Од: ?!
Датум: 04.11.2010 13:57:17
Време е што поскоро наместо силното грекање по евроинтеграциите,ние да си го замениме со културно ластовичкино милозливо циу-внување.Мора да јавно пред светот обзнаниме оти се освестивме од анестезијата која ни беше дадена пред седнувањето на лабораториското столче.Од денес ќе си живееме како бубрег во лој само од обештетувањето кое би ни следелео ако си го побараме пред лустрирачките институиции при судовите за човекови права.Та не сме само ние,робови низ цел свет.Малку ли има и на други страни.Од бомбите и нападите само тие што изумреа се мртви.овде кај нас уште некој ден ќе бидеме сите живи а мртви.Што ќе ние и Европа и НАТО ако така тетерави не ќе можиме да ги узниме големите благодети.А,тие судовите,ќе судат некого.Кого?!.Па нас самите,зашто сме си дозволите да избегаме од сопствената кожа.Таа станала претесна за новиот подстанар.Затоа денес се прашуваме.А кои сме ние?!Единствениот доказен материјал за нашата сеавтентичност,баш се тие.Досиејата.Ама не овие.Оригиналите.А,тие не

Најди! во Утрински
Мислења






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis