Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



ОВЕН

Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви застанат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да избирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош.



БИК

Денеска ќе шармирате некого со својата појава, па затоа навреме проверете кон што сте ја насочиле енергијата за да не зажалите подоцна. И соништата може да се остварат доколку имате силна желба и волја во преземањето практични чекори. Имајте го ова на ум.



БЛИЗНАЦИ

Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како вас. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од ситуацијата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате.



РАК

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете ново лице, не дозволувајте вашата лутина и фрустрации да влијаат врз конечниот суд, туку дозволете му да ги покаже своите квалитети.



ЛАВ

Вашиот природен инстинкт денеска ќе ви дава посебни сигнали врзани за одредена работа што зад себе носи големо малтретирање. Покрај тоа, вие сте способни да му испратите суптилни сигнали на лицето што ви се допаѓа, а никој да не забележи, зарем не?



ДЕВИЦА

Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со лица што имаат слични животни ставови како вашите. Вечерва разговарајте со својата подобра половина и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.



ТЕРЕЗИЈА

Новата надеж за исполнување на плановите повторно е на хоризонтот, па можете малку да се олабавите и да му покажете на партнерот колку го сакате. На вратата ќе ви чукнат нови инвеститори што ќе ви дадат понуда што нема да можете да ја одбиете.



СКОРПИЈА

Имате проблеми со финансиите, па препорачливо е да проверувате и два пати што потпишувате и што купувате. И комуникацијата ќе ви претставува проблем, зашто едно лице ве доведува до лудило така што не можете да се контролирате.



СТРЕЛЕЦ

Денот е создаден за желби, но не претерувајте во очекувањата. Бидете внимателни со лицето што ви изгледа премногу добро за да биде реално. Најверојатно ќе се разочарате. Ќе дознаете дека човекот покрај вас не е тоа за што се претставува.



ЈАРЕЦ

Ќе зборувате, ќе бидете добро расположени и инспиративни така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во веселењето. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но и тоа наскоро ќе се реши.



ВОДОЛИЈА

Ќе се најдете во средина на еден скандал, а нема да ви биде јасно како тоа се случило. Едноставно, премногу зборувате на погрешно место. Но, бидејќи денеска сте многу шармантни, се' ќе мине безболно, а вие, конечно, ќе сфатите дека некогаш имате предолг јазик.



РИБИ

Доколку одлучите да кажете една тајна, треба да бидете подготвени на она што ќе следува потоа. Ќе се појават тра��еви за едно лице што не ги заслужува. Бидете подготвени на деловни одложувања и фрустрации што ќе произлезат од работата.


#
Најди! во Утрински






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states