Банкарите со просечни плати од 770 евра
Просечната нето-плата во Македонија во јуни годинава изнесувала 15.759 денари или околу 256 евра и таа е за 31 денар поголема од претходниот месец. Според податоците на Државниот завод за статистика, платата е за 10,7 отсто поголема во однос на истиот месец лани. Најголема просечна плата од 47.407 денари или 770 евра во јуни зеле вработените во дејноста помошни активности во финансиско посредување, а најмала од 7.099 денари, 115 евра, имале вработените во производство на облека, доработка и боење крзно. На годишно ниво, пак, најмногу се зголемиле нето-платите во здравството и социјалната работа, за 14,5 отсто, потоа кај преработувачката индустрија, 11,7 проценти и кај сообраќајот, складирањето и врските, за 11,7 отсто. Просечната исплатена бруто-плата во јуни, пак, изнесувала 25.673 денари , 417 евра, а 8,9 отсто од вработените во тој месец не зеле плата, што е за 3,2 проценти помалку во споредба со истиот период лани. (Макфакс) |