Ситуацијата бара максимум трпеливост која не ја поседувате. Оттаму се и недоразбирањата не само со околината туку и со себе. Губитници сте, а тоа тешко го поднесувате. Треба да ги зачувате нервите за посериозни проблеми. Филмовите го подобруваат расположението.
Бик
Исклучително пријатен ден, особено кога станува збор за љубовта. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ќе ви причинуваат задоволство. Пред вас се незаборавни моменти, а колку ќе профитирате од тоа зависи од ситуацијата. Секој човек е ковач на својата среќа.
Близнаци
Водете сметка да не се изгубите во многуте планови. И покрај тоа што сте способни да решите секаков проблем, мора да го забавите темпото и да се насочите кон себеси. Тоа е најдобар начин да дојдете до душевен мир кој повремено ве напушта.
Рак
Може да се каже дека сте во целосен хаос, барем кога станува збор за емоциите. Со оглед на тоа што ваквата состојба премина во хронична, воопшто не сте загрижени. Насочете се кон оние области од животот во кои сте најуспешни.
Лав
Немате енергија, па работата може да биде во застој. Попасивни сте од вообичаено, но воопшто не ве вознемирува тоа, насочени сте кон нова љубов. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите што ги направивте во последно време.
Девица
Денот не е поволен за решавање професионални проблеми и склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од вас се очекува да бидете трпеливи, но, за жал, ги изгубивте нервите.
Терезија
Прекрасен ден, конечно може да им се препуштите на сите животни радости. Уживате во среќата. Она што посебно ве прави задоволни е личната хармонија. Партнерот конечно ги признава грешките.
Скорпија
Влегувате во период кој од вас го бара она што го имате во изобилство, силата. Променете ги животните услови на подобро. Ве очекуваат бурни емотивни случувања, дочекајте ги подготвени. Размислувајте за нови пријателства.
Стрелец
Евидентно е нервирањето поради секоја ситница, ја оптоварувате околината. Доколку забележите дека луѓето ве избегнуваат, знајте за што се работи. Можни се здравствени проблеми поврзани со црниот дроб, но не преземајте конкретни потези. Не однесувајте се како да сте центар на светот.
Јарец
Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, но мора да се контролирате. Потрудете се да избегнете секакви расправии.
Водолија
Поминувате незаборавни моменти со лица родени во знакот на Бик или Вага. Не е важно колку ќе трае таа среќа, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневјето. Дружете се и излегувајте.
Риби
Проблемите што ги имате веќе подолго време се провлекуваат. Неспособни сте да се приспособите на околината, затоа најдобро е да се дистанцирате. Ве очекуваат и недоразбирања со партнерот, променете ги сопствените ставови.