Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Скопје

Пресушија фонтаните на новиот плоштад во Аеродром

Веќе една недела ниту блика вода од фонтаните ниту, пак, се осветлени како вообичаено. Општинарите тврдат дека не станува збор за дефект. Биле исклучени оти се „шминкаат“

Фонтаните на новиот плоштад „Јане Сандански“ во Аеродром пресушија по само еден месец откако катчето беше и свечено предадено во употреба. Речиси е��на недела не блика вода од двете украсни фонтани, ниту, пак, во вечерните часови се осветлени како вообичаено. Опколени се и со заштитни портокалови мрежи. Граѓаните се збунети оти, како што велат, на прсти се бројат деновите откако плоштадот беше предаден во употреба. Во дилема се дали катчето, кое дефинитивно е едно од најатрактивните за прошетка во овој реон, профункционира недовршено или, пак, фонтаните се расипале. Истовремено, коментираат граѓаните, очекуваат наскоро и споменикот на Јане Сандански да биде конечно готов, оти постаментот го нема финалниот изглед иако коњаникот се постави пред повеќе од еден месец.

Од Општината велат дека во случајов станува збор за два различни проекта. Споменикот бил независен од паркот, односно од плоштадот. „Во случајов со фонтаните, се работи за ситни интервенции по наше барање. Станува збор за козметички зафати на фонтаната или, едноставно кажано, нејзино шминкање. Споменикот, пак, наскоро ќе биде целосно готов, односно деновиве очекуваме неодамна поставените релјефи да го добијат конечниот лик“, рекоа вчера од Општината. Оттаму потенцираа дека плоштадот бил предаден во употреба сосема готов и бил проект независен од сите случувања, односно не се искористил како изборен маркетинг, а доказ било тоа што свеченото отворање се одржа по изборите. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 2179 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Зошто е заклучена вратата меѓу Железничка и Автобуска станица
Нова рекреативна патека на левиот брег на Вардар

"""