|
|
|
|
|
|
Зошто е заклучена вратата меѓу Железничка и Автобуска станица
Патниците често извисуваат на воз или на автобус, бидејќи поради затворената врата, се принудени да кружат од една до другата станица
Снежана Калабакова
Колку време му треба на еден патник што пристигнал на Автобуска станица да стигне до Железничка за да се качи на воз. И обратно, на оној што мора од воз на автобус. Веројатно мереле и знаат само оние што во мал број минути брзале да го фатат другиот вид превоз. Во трката да стигнат од едно до друго превозно средство, на овие патници пречка им е затворената единствена врата за комуникација меѓу двете станици. Освен што на неа е ставен клуч, таа е затворена и со бетонски жардиниери.
Поминувањето низ оваа врата е единствениот и најкус пат од железничките перони до автобусите и обратно. Но, бидејќи таа е затворена, патниците мора да кружат, независно од која страна и да тргнат. Ако излезат од влезот спроти станбените згради во населбата Пролет, со торбите в рака ќе мораат најпрвин да се протнат меѓу паркираните автомобили и такси-возила, па да заобиколат дел од надворешната тераса на слаткарницата „Шехеразада“ или да поминат меѓу масите на гостите. Веднаш потоа на аголот може да се судрат и со оние што чекаат да купат кикирики, па на следниот агол со количките за ѓевреци и на крајот да влезат во станицата.
Слична е ситуацијата и од страната кон Аеродром. А не им е лесно, велат, ниту по влегувањето внатре. Бидејќи ескалаторите не работат, така заитани со торбите в раце, мораат да се качуваат по едни, па по уште едни скали за да дојдат до пероните на кои само ќе констатираат дека возот им заминал. Е, тогаш велат оние што се нашле во ваквите ситуации, сфаќаат колку им е важно да има отворена врата за комуникација од едната до другата станица. Тоа сега е особено важно и поради зголемената фреквенција на патници, кои доаѓаат или заминуваат со меѓународните возови и веднаш бараат автобуска врска, не сакајќи да губат време. Особено не им е пријатно со часови да седат во валканите и под сите стандарди чекалници на Железничката станица. За жал, ништо не е подобра и хигиената пред станицата, а патниците често забележуваат преполни канти со ѓубре, кое повеќе се наоѓа околу кошниците отколку во нив.
„Вратата меѓу Железничка и Автобуска станица е затворена од безбедносни причини, бидејќи има голема фреквенција на луѓе. Автобуската има четири други излези за патниците, но ако е потребно, лесно ќе се договориме со Железница и летово ќе ја отвориме и на врата ќе поставиме обезбедување. Заеднички интерес на двете станици е да има прелевање патници. Зимно време повеќе ја затвораме и поради провев и губење на топлината. Инаку извршена е анализа и утврдено е дека нема големо прелевање патници од една во друга станица, вели Масар Омерагиќ, сопственик на Меѓуградската автобуска станица.
Од „Македонски железници“ искажуваат подготвеност да се договорат со Меѓуградската автобуска станица и да ја отворат вратата за комуникација меѓу двете станици. Велат ќе го направат тоа во интерес на патниците, а веројатно досега не го сториле тоа бидејќи никој не пројавил иницијатива. |
#
|
Статијата е прочитана 1799 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Толе |
Датум: 06.07.2011 01:20:01 |
|
Како не, бре - они за се‘ се спремни, само по можност на друг да му текне и друг да го сработи, а најарно и ако не го сработи, а во меѓувреме се заборави, па да си остане к‘о што е...
Недоносени. |
|
|
|
|
|
|
Од: ber |
Датум: 06.07.2011 08:17:57 |
|
Treba da se sredi i parkceto od strana na Aerodrom pod ,,deportivo,,. Sramota e takvo malo parkce da ne e sredeno, a pokraj nego proaga cela makedonija i strancite. Nema nitu treva, nitu cveke, samo gubre i divi taksisti so zimaat po 500 den. do drzavna. A na tie 50-60 m2 moze da se napravi stvarno mnogu ubavo katce, nekoja fontanicka i sl. |
|
|
|
|
|
|
Од: volot |
Датум: 06.07.2011 08:49:52 |
|
Nadleznite cekale inicjativa?! :):)
Bravo :)
Imalo provev?! :) |
|
|
|
|
|
|
Од: македонец |
Датум: 06.07.2011 10:30:54 |
|
Кои моронски причини... кој бил Ајнштајнот во оваа ситуација?!?!?!??! |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 06.07.2011 11:01:11 |
|
Prvo da kazam blagodarnost na redakcijata sto pusta ubavi sliki so komentite.
Sepak ke gi spomnam da pred da snimat, da go ofarbat zidot oti e izmackan.
Eve oste edna rabota za nevrabotenite. |
|
|
|
|
|
|
Од: vlatko |
Датум: 06.07.2011 11:36:39 |
|
znaci sinokja isprakjav prijatel so voz za belgrad...po arabat mesto od zeleznickata nema..toa mora pod hitno da se dade pod koncesija..ama pod hitno. |
|
|
|
|
|
|
Од: lokomotiva |
Датум: 06.07.2011 11:45:27 |
|
se prasuvam zosto seuste glavnata zeleznicka stanica vo grad Skopje e vo katastrofalna sostojba i nefunkcionalna,koga moze od nea da se pravat pari...ah MZ MZ...zeleznicari,osvestete se,so kredit,zaem ili eventualno sopstveni sredstva...ili so pari od vladata da se preuredi i renovira kompletno vnatresniot del na stanicata,da se napravat novi toaleti,da se otvorat kafe-bifea,prodavnici za suveniri,market,kiosk,eventualno cvekjarnica,koi bi bile pod kirija i bi gi rabotele privatnici,da se stavat vo funkcija eskalatorite,seto toa e izvodlivo i bi cinelo kolku eden mal spomenik na plostadot...ima vreme do slednata prolet-leto da se realizira seto ova...ke zalici zeleznickata. |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 06.07.2011 12:10:25 |
|
Klasična situacija, na Zapadu (u stvari - Istoku) ništa novo. |
|
|
|
|
|
|
Од: mene u eu |
Датум: 06.07.2011 13:04:10 |
|
POzdrav do Utrinski,na ovoj nacin barem malku medijata ke vlijae na ovie nerazbirlivi nedostatoci vo sekojdnevieto.da se smeeme a bogami i mi se placi koga ke pomislam kolku im sece na odgovornite za ovaa lakrdija.omeragic pa uste so cel mozok izjavuva:"затворена од безбедносни причини, бидејќи има голема фреквенција на луѓе".I ke postavi obezbeduvanje
??? sto ke obezbeduva???nebare Love Parade Disburg??Abe ne treskajte gluposti zemete otvorete gi vratite ne go macete narodot, neznam veke i kako da ve narecam, maloumni prostaci |
|
|
|
|
|
|
|
|