Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Анализа

Си велам

Последната крава за премиерот

Ерол Ризаов

Како стаса нашиот јазовец пред суд

Последната крава на семејството Илиевски од Битола ја изеде премиерот Никола Груевски. Другите 85 ги изедоа волци.

Ова не е најтажната приказна за македонската млада демократија, за мачното и долго патување, кое политичарите, а и ние по нив како папагали, го викаме транзиција. Ова не е приказна ни за големиот апетит на новите демократи и старите комунисти, судии и криминалци, адвокати и обвинители, патриоти и предавници, разни белосветски и домашни преваранти, журналисти и колумнисти, телевизиски и новински магнати, академици и интелектуалци, олигарси и чорбаџии, банкари и лихвари. Ова не е филм за големите шпиони и малите кодоши, ниту, пак, е политички трилер за власта и опозицијата, големите и малите лидери. Ова не е басна ниту за името и презимето на Македонија. Ова не е реквием за последните македонски селани. Ова е приказна за сите нас. За малиот капацитет на нашите гради да ја вдишеме слободата. Ова е приказна за нашиот менталитет и состојбата на духот на граѓаните на Македонија во последната година од првата декада на 21 век. Ова е приказна и за еден млад кравар, производител на млеко од Битола. Еве како стаса нашиот јазовец пред суд:

Решиле неколку деловни луѓе да молзат шведско млеко од македонски кравари. Си подале рака и направиле ортаклук со ѓаволот. Зеле милиони евра кредити. Изградиле модерна млекарница. Купиле современа опрема, демек последен збор на млечната технологија. Направиле групен портрет со македонските политичари. Медиумите наши насушни објавија грандиозни стории како ќе тече мед и млеко од македонско и шведско потекло. Се разбира, некој се сетил дека за да има млеко, треба да има и крави. Крави ќе си купат првите македонски современи кравари. Модерни скандинавски фармери за модерна фабрика. И одеднаш, речиси преку ноќ, еве ти илјадници нови фармери. Купуваат ли купуваат селаните крави. Големи сименталки што даваат многу млеко. Се задолжуваат до гуша, но изгледа се исплатува. Кравите пасат сочна македонска трева, фармерите молзат, фабриката работи, трговците продаваат. Тоа се вика „Сведмилк“. Шведско-швајцарска идила. Тешка 30 милиони евра. Милина една.

Ама работата била у Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна. Еден снеубавен ден секнаа парите. Трговците не и' плаќаат на фабриката, фабриката не им плаќа на фармерите, млекарите не им даваат храна на кравите. Банкарите си ги бараат парите. Политичарите викаат ние поим немаме, не се мешаме во приватен бизнис. На полицијата, судовите, инспекциите, тоа не им е работа. Тамам кравите научија да не јадат, почнаа да пцовисуваат како во приказната за магарето на Насредин оџа. И одненадеж рашомон. Никој не е виновен. Главните инвеститори, македонски деловни луѓе со шведско потекло, веќе мудро се биле повлекле од бизнисот. Си ги наплатиле своите вложувања. Умните тие, навреме намирисале дека прегорело млекото. Банкарите молчат. Имаат уплав од политичарите. Божем ќе ја продаваат фабриката да си го наплатат долгот. Тоа се вика хипотека. Политичарите се обвинуваат меѓу себе откако видоа дека нема што да се спасува. Трговците викаат зошто да платиме кога фабриката не работи. Медиумите сега пишуваат малку поинакви стории, нешто како извештај од погреб. Фармерите се бунат се' потивко и потивко. Велат 3.000 млекари останаа без пари и крави. Половина да се, премногу се. Сите други се задоволни и среќни. Арно ама, еден фармер одлучил да се прави македонски Лех Валенса. Душко Илиевски го викаат. Храбро тргнал напред. Напаѓа ли напаѓа. Сиромавиот тој не пресметал дека во Македонија не живеат Полјаци.

Така, за брзо време е откриен виновникот за големата измама. Тоа е никој друг, туку лично Душко Илиевски - Јазовецот, фармерот од Битола кому му помагале неговите јатаци - татко му и брат му. Само тие се осудени во тесна врска со големата афера тешка 30 милиони евра, а допрва и натаму ќе им се суди. Што згрешиле овие луѓе. Душко почна многу да зборува јавно, а башка почна тоа и да му се допаѓа. Оди и на митинзи барабар со најголемите македонски душмани. Го обвинува и навредува лично премиерот. Таков голем грев во Македонија не може да се прости. Инквизицијата, македонската партиска полиција и македонското непристрасно партиско судство, дежурниот чувар на ликот и делото на Никола Груевски по брза постапка му откри повеќе кривични и прекршочни дела на зборлестиот Душко. Прво го казнија 500 евра што имал ловџиска пушка и друго оружје за лов и риболов кое неовластено го поседувал. Тоа го открија нашите специјалци во спектакуларна акција на местото на злосторството, директно во фармерското дувло, од каде што гледавме ТВ-пренос во живо што ни го подготвија новинарите кои први дознаваат. Потоа Душко беше обвинет зашто со други фармери, замислете, упаднал кај градоначалникот на Битола без најава. Тука помина лесно, ама затоа уследи нова спектакуларна акција на полицијата која на нивата на Илиевци откри 247 стебла канабис сатива, од која се прави марихуана. Јавното битолско обвинителство пред некој ден поведе судска постапка против Душко Илиевски. Ами како. Ова е правна држава. На нашите деца им треба млеко, а не дрога.

И конечно битолскиот суд му изрече на Душко Илиевски глоба од 400 евра поради навреда на премиерот Никола Груевски. Полицијата, вршејќи си ја својата партиска работа, поднесе прекршочна пријава против Душко затоа што на критичниот ден лани во март го навредил и омаловажил премиерот негов и наш со тоа што во Битола залепил плаката со текст: кражба во 100 чекори - пред очите на Владата исчезнаа 30 милиони евра. Големо злосторство. Навистина, Душко не го спомнал премиерот Груевски, ама битолскиот госп. судија праведник добро знае кој во оваа држава се навредува и без да му се спомне името.

Епилог: Некни на ајван пазар Душко Илиевски ја изведе последната молзница од својата штала во која некогаш имаше 86 крави. Од нив 85 му изедоа арамиите од „Сведмилк“. Последната му ја изеде премиерот, оти со парите ќе ја плати казната што го навредил. Одлучил да не се жали. Ќе плати глоба. Така премиерот ќе се чувствувал подобро. А и Душко ќе се изедначи со премиерот. И тој секој ден како и премиерот ќе купува млеко за своите деца. Нема веќе да чува крави. А може ќе се занимава и со политика. Таму изгледа полесно се молзе.


#
Статијата е прочитана 2280 пати.

Испрати коментар

Од: ѓорѓија
Датум: 05.11.2010 12:44:53
Браво Ероле, текстов ти е на место! Ме насмеа хуморот, иако не му е тоа целта. За жал, во таква земја живееме. А допрва што ќе ни се случува... Мора да се бориме против ваквите појави (мислам на Грујо и комп.), зашто тие ни ја уништуваат државата. Браво уште еднаш!
Од: tatoo
Датум: 05.11.2010 13:08:06
Аферим Ероле. Секоја чест. Статијата кој да ја чита ќе му стане јасно какви гадотии произлегоа од оваа влада. Кој како сака ова нека го протолкува. Сепак ова е болната и тажна вистина за една држава во која владее се` само не правото и вистината. Жално е што ваквото водство, државата ја води во пропаст. Во наше маало ова порано се викаше АПСОЛУТИЗАМ !!!!. Или не ? Исправи ме ако грешам.
Од: забеган.
Датум: 05.11.2010 13:22:26
Одличен текст нема што да се додаде и одземе.
Од: Јогурт
Датум: 05.11.2010 14:20:13
„Суедмиук“-суедско а наше!
Од: Marko
Датум: 05.11.2010 14:37:58
Одличен текст како и секогаш, но за кого ? Тие што го разбираат одамна знаат за штетата која непоправливо ја прави оваа власт. А тие што треба да ги извадат главите од песокот (оние 400.000 глупави кои гласаа на последните избори) ниту разбираат ниту сакаат да сменат нешто. Иако е песимистички, јадна е иднината на оваа државичка (однадвор сардисана, однатре како со рак уништена).
Од: Марко
Датум: 05.11.2010 14:59:44
Ризаов е неприкосновено македонски политички коментатор бр.1. Толку е добар што тоа не е добро за неговото здравје.
Од: Mapkoc
Датум: 05.11.2010 15:53:37
Врти - сучи, г. Ризаов и самиот ризикува да биде казнет за навреда врз ликот и делото на Премиерот. При тоа, ни малку нема да му биде полесно што, колку памтам, ниту во време на владеењето на големиот сатрап (Слободан Милошевиќ) немало казни по таа основа. Но - да не приоѓаме статично - и таков сатрап може да биде надминат, поготово ако нема значаен и артикулиран отпор на секојдневното кршење на човековите права. Згора, загрижувачко е одсуство на елементарна солидарност со жртвите на божемнaтa капиталистичкa практика, какви се оние од семејството Илиевски.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 05.11.2010 18:32:03
Што да се каже....нема потреба , се е кажано....Браво...браво...браво....Навистина браво.Одлично е малку да се каже...
Од: Сергеј
Датум: 05.11.2010 19:06:39
Власта требаше да ги прогонува оние кои ги ограбија млекарите, а не оние кои беа ограбени! Со прогонувањето на Душко, оваа власт покажа дека е на страната на криминалиците и дека е самата длабока заглавена во криминал од најтежок вид. Ако СДСМ го имаше ТАТ, тогаш за ДПМНЕ ова беше нивниопт ТАТ. Разликата е во тоа што овие со пендрек не дозволија тоа многу да им повлијае на „рејтингот“. ( http://otpor.log.ph/ )

Најди! во Утрински
Анализа






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic