Желбата за доминација и барањата што се поставуваат моментално пред вас - бараат добро да размислите за се' што правите. Мора да бидете поумерени. Но, што да правите? Само ако ги избирате зборовите и постапките, може да профитирате.
БИК
Се наоѓате во фаза на размислување за бизнис и пари. Иако тешко доаѓате до целта, работите ќе бидат така како што сте ги замислиле. Ја имате поддршката на планетите. Дејствувате како молња за да го остварите максимумот. Извесна ситуација бара штедење од вас.
БЛИЗНАЦИ
Во потрага по разноликоста може да претерате. Доколку размислувате за патувања и работи што бараат истрајност, ќе бидете задоволни, но само ако се свртите кон решавање на работите за кои сте одговорни. Во спротивно, само ќе се нервирате.
РАК
Љубопитни сте и уживате додека извршувате повеќе работи истовремено. Ќе остварите успешна соработка со Близнаците, но под услов да сте подготвени да ги сослушате и нивните приказни. Сакате да бидете сами, а тоа засега е конструктивна одлука.
ЛАВ
Пред вас е напорен ден, пред се', зашто си зададовте премногу обврски, па оттаму произлегува и нервната раздразливост. Доколку се двоумите меѓу некоја Водолија или Скорпија, одлучете се за Бик. Тоа е моментално личноста што најмалку ќе ве оптовари со своите проблеми.
ДЕВИЦА
Трпеливо ги реализирате работите. Ви годи осаменоста и уживате во моментите што ги посветувате само на себе и на остварување на своите цели. Размислувате за некое патување и работи што останаа недокажани, а се однесуваат на извесен настан.
ТЕРЕЗИЈА
Незадоволни сте. Ви недостасуваат цврстина и упорност за да се изборите за она што ви значи. Најлесно е да кукате и да бидете незадоволни. Зарем не сте размислувале за тоа дека треба максимално да се ангажирате? Шансите да дојдете до она што ви значи се големи.
СКОРПИЈА
Свесни сте дека залетавте во емотивна заблуда или дека за одредени луѓе имате погрешна претстава. Разочарувањето е плод на вашата невнимателност. Свртете се кон решавање на некое важно здравствено прашање - тоа е ваш моментален приоритет.
СТРЕЛЕЦ
Исклучително активен и интересен ден. Пожелно е да оставите малку време и за одмор, зашто ве очекува голема физичка и психичка работа. Имате одлична моќ за регенерација. Стрпете се кога се парите во прашање.
ЈАРЕЦ
Можен е непријатен настан врзан со некого кого го сметавте за свој пријател. Партнерот, исто така, прави се' за да ви го загрози животот. Потпретете се на сопствениот потенцијал зашто само така ќе успеете. Сите други начини се сомнителни.
ВОДОЛИЈА
Уживајте додека можете. Среќата ве следи на секој чекор. Се обидувате да се усогласите со Лавовите, но тешко ви оди. Затоа свртете се кон Стрелците. Во нивно друштво ќе минете интересни моменти. Можеби би требало почесто да бидете во нивно друштво?
РИБИ
Сериозната и истрајна работа може да ве направи среќни. Доколку планирате посета на лекар - сега е вистински момент. Во останатите сегменти од животот, можни се извесни разочарувања, кои се резултат на пречувствителноста и идеализацијата.