Што прават денеска
Ненад Секирарски
моден дизајнер
Прв работен ден, дома во Скопје, по учеството на „Фешн селекшн“ во Белград. Денешниов ден ќе биде малку работно, повеќе славенички во студиото - за да ја прославам наградата со пријателите за најдобра дизајнерска колекција што ја добив токму на „Фешн селекшн“.
Андријана Јаневска
музичарка
Главната работна обврска денеска ми е пробата во МОБ, каде што се подготвуваме за премиерата на операта „Моќ на судбината“, која треба да се случи на 27 ноември. Се' друго во денот оставам да се случува спонтано и без некои големи планови.
Кирил Манев
новинар
Денес е голем ден за мене зашто ќе се случи финале на еден голем труд. Денеска во Штип ќе биде промовирана мојата осма книга „Брегалница среќна ѕвезда“, посветена на историјата на најпознатиот фудбалски клуб не само во Штип туку и во Македонија. |