|
|
|
|
|
|
Поглед
Кредитите и банките
Соња Маџовска
Банкарите слободно можат да прогласат распуст. Не буквално, бидејќи и натаму пред шалтерите, посебно деновиве има огромни редици од пензионери што подигнуваат пензии и плаќаат сметки, но проблем е што има се' помалку фирми и граѓани што бараат кредити.
И оној мал број бизнисмени кои ќе се охрабрат да влезат во банките за да побараат свеж капитал треба да поминат низ сито и решето за да им докажат на строгите банкари дека се кредитоспособни и дека и по една година добро ќе им врви бизнисот и ќе имаат пари да ги отплаќаат ратите.
Бизнисмените и натаму сметаат дека банките вријат од пари, но дека многу тешко одобруваат нови заеми. Банките немаат проблеми со ликвидноста, но затоа фирмите не можат глава да кренат. Никако да излезат од должничкиот лавиринт. Секој секому должи, никој никому не плаќа. Дека е ваква состојбата потврдуваат и фирмите и банкарите кои детално ги чешлаат билансите на компаниите пред да дадат виза за нов заем. Банкарите велат дека нивната в��имателност се должи на се' уште присутните ризици во економијата поради лошата ликвидност. За разлика од фирмите, банките се во добра кондиција, но поради слабиот кредитен раст, и нив им паѓа профитабилноста.
во почетокот на кризата банкарите изјавуваа дека доаѓаат тешки години, што и се оствари, но проблемот е што се' уште нема некој оптимизам дека полека излегуваме од неа. Иако податоците за економскиот раст во првиот квартал се оптимистички, растот на БДП достигна 5,1 отсто, банкарите потврдуваат дека овој раст не го чувствуваат. Годинава кредити барале само градежните компании, кои директно или индиректно како подизведувачи учествуваат во изградбата на „Скопје 2014“, а во банките влегувал и по некој земјоделец да побара нов кредит. |
#
|
Статијата е прочитана 1367 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 13.07.2011 06:08:35 |
|
Nema zgolemunje na kreditite, nema porast na ekonomijata. Lugeto denes nemaat sigurnost, a nemaat verba vo podobro utre. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jordi |
Датум: 13.07.2011 09:08:51 |
|
Ubav mal prilog. Medjutoa. . .
Bankite ne davaat svez kapital. Bankite davaat krediti. Vo uslovi na socijalisticka ekonomija (sechie i nichie) se stvaraa namerno ili nenamerno takvi zabludi pri sto kapital se pistovetuva so kredit (sto e obvrska) i/ili so osnovni sredstva (zgradi, masini, zemja). Kapital e potpolno druga finansiska kategorija. Kapital (K)= Sredstva (S) - Obvrski(0).
Nazalost ovaa prosta formula vo naseto opstestvo se uste ne e sfatena. Ona sto zagrizuva e deka istata ne e sfatena ni od regulatorite nitu pak od ludjeto vo centralen registar koi rabotat na registriranje na firmite (registriranje na kapitalot :-) ). Da go imaa sfateno vo registracijata na firmite jasno kje se gledaat udelite a ne samo vlogovite.
Ne e sfatena nitu pak od nasite kvazi bankari/lihvari (da bese sfatena kje rabotea so koeficientot obvrski/kapital namesto koeficient vrednost na hipoteka/kredit).Redno e vie novinarite da gi upotrebuvate termnite kako sto trebe pa moze nesto kje se smeni. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bankar |
Датум: 13.07.2011 13:02:32 |
|
Eh gospodine Jordi. Zalno e sto sekakvi novinari pisuvaat na temi za koi ne gi znaat ni znaecenjata na osnovnite poimi. No uste e pozalno toa sto poimite ne gi razbiraat ni drzavnite pretstavnici i vrabotenite vo drzavnite institucii. Iako sme 20 godini samostojni, se pomalku sme "pismeni". |
|
|
|
|
|
|
|
|