|
|
|
|
|
|
Реформите се едно, името е друго
Полскиот амбасадор порача реформите во Македонија да не се држат како заложници во спорот за името
Македонија треба да ги спроведе потребните реформи за започнување на преговорите за членство во ЕУ, и покрај тоа што не е решен спорот за името со Грција, затоа што на таков начин кога тој ќе се реши, ќе се скрати времето за нивно затворање и придружување кон Унијата, смета полскиот амбасадор Карл Бахура.
„Реформите што треба да се спроведат во областите, како што се правосудството, јавната администрација и други области, не треба да се чека да се реши оваа пречка, туку да ги спроведувате на колку што можете посоодветен начин, дури и пред да почнат преговорите. Кога ќе се реши прашањето со името и ќе почнат преговорите, времето за нивно завршување ќе биде пократко и тоа ќе биде подобро за вас. Сметам дека реформите не треба да се држат како заложници за проблемот со името“, рече Бахура појаснувајќи ја својата неодамнешна изјава дека доколку Македонија не може да влезе на една врата во ЕУ, да проба т��а да го направи преку прозорец.
Тој на претставувањето на приоритетите на Полска за време на претседателствувањето со ЕУ, повтори дека неговата земја смета оти не е прашање дали, туку кога Македонија ќе стане дел од ЕУ. Според него, подобро е тоа што поскоро да се случи.
Бахура појасни дека еден од приоритетите на полското претседавање со ЕУ е постигнување напредок во спроведувањето на стратегијата на ЕУ за проширувањето, односно, како што рече, да се промовира принципот за условеност и обврска на сите земји аспиранти и кандидати да ги исполнат потребните критериуми, а процесот на проширување да се разбере како фактор што ќе ја зајакне кохезијата на Унијата.
„Во рамки на фокусот на односите Западен Балкан Полска планира да го поддржи европските аспирации на овој регион. Западен Балкан е високо на агендата на нашите приоритети“, рече Бахура.
Приоритетите на своето претседавање со ЕУ, Полска меѓу другите ги гледа во засилување на развојот на Европа преку заеднички пазар, преземање активности за безбедност преку заедничката одбранбена политика, но и безбедност на храната. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 697 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 13.07.2011 12:33:56 |
|
За спроведување на реформи,потребен е способен и стручен кадар.А кај нас се стават министри и тимови околу нив со дечки кои прво работно место им е функционер.Или некој постар кој работи само на освета,заборавајки ја стручноста и способноста бидејки живеел во некое друго време.А за името е лесно,името го имаме и секогаш сме биле со некоја придавка.Проблемот е што сами си наметнавме за идентитетот и јазикот за да не ја завршиме поставената задача.Во матно се ловат риби,тоа го знат и аматерите рибари. |
|
|
|
|
|
|
Од: SDSM |
Датум: 13.07.2011 12:42:01 |
|
Problemot e i kaj nashive politichari koi neznaat da ja objasnat pravnata priroda na problemot so Imeto. Pokraj stranite pretstavnici, principite na pravoto ne gi razbiraat ni mashive diplomati i rakovoditeli .
Ne treba Nimic da ja raskine PS! Treba nie da e raskineme oti PS e nelegalen dogovor! Vo site uchebnici vo EU i SAD se komentira deka taa e edinstvena megunarodno - pravna spogodba megu lica bez ID, imeno Prva i Vtora strana!!! Na ovoj nachin ne se kreiraat megunarodni dogovori! Takov dogovor nema PRAVEN kvalitet! So drugi zborovi vo odredeni segmenti (ius Cogens) nema pravno dejstvo! Pregovorite se regulirani so rez. 817 na ONSB, so koja i dobivme referenca, a ne so PS! Pa neli vo sekoj moment mozheme da raskineme Vremenata spogodba(zadolzhitelen period pomina). Nema potreba da tuzime nikogo. Ova proizleguva i od pismoto na ON do Tito Petkovski 2002, vo koje se veli deka nepostojat pravni precki za akcija bilo preku SB ON ili Generalnoto sobranie na ON. Pokasno 2002. g.
|
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 13.07.2011 12:45:40 |
|
Dali ke vlezimevo Eu i NATO ne e vazno ,ali vazno e site obvrski shto EUgi baraat trba da se ispolnat vo najkratko vreme.Posle e nivno da odluchat dali nie trba da sne vo EU ili ne .Vaka ili taka za narodot mora da se napravat podobri uslovi za zivot . |
|
|
|
|
|
|
|
|