Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Градските улици да не се метат со пари од граѓаните

Шапуриќ предлага Градот да ја субвенционира „Комунална“ за да ги чисти сообраќајниците

Сања Наумовска


Метењето и миењето на улиците да не се финансира од џебот на граѓаните, кои и онака имаат премногу сметки за плаќање, туку да се субвенционира јавното претпријатие од градскиот буџет, е предлогот на советникот Зоран Шапуриќ од ЛДП за најавената нова давачка за одржување на јавната чистота на сообраќајниците. Јавното претпријатие може да заработува и од големите произведувачи на отпад по принципот загадувачот плаќа, но за тоа треба целосно да се редефинира начинот за наплата на ѓубрарината. Шапуриќ предлага класификација на деловните субјекти и наплатување според кубен метар исфрлено ѓубре.

Тоа е најправедниот начи�� на формирање на сметките и за директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, но и најкомплициран да се имплементира. Според него, мерењето на отпадот е сложено и во поорганизирани градови, поради што се очекува дека граѓаните ќе изнаоѓаат начини да пријават помалку отпад. Сепак, од јавното претпријатие не се откажуваат и од воведување нова давачка, која, како што вели Дочи, е законска обврска. За тоа, како и за висината ќе треба конечна одлука да донесе Советот на Скопје.

„Се соочуваме со ситуации кога една адвокатска канцеларија од 100 квадрати плаќа поголема сметка за ѓубрарина од една пилјарница од 40 квадрати, која, пак, за една недела прави повеќе ѓубре отколку канцеларијата за една година“, вели Шапуриќ, со објаснување дека кога ќе се наплати вистинската сума од големите произведувачи на ѓубре, јавното претпријатие ќе може полесно да ги менаџира и останатите обврски, како што е одржувањето на јавната хигиена на улиците.

Според Шапуриќ, мора да постои скала на вреднување, бидејќи е неправедно иста сметка да плаќаат оние што прават многу и оние што прават помалку отпад. Со издвојувањето на големите маркети, пазарите и другите субјекти, кои секојдневно прават многу голема колкучина ѓубре од останатите, ќе се стимулира и наплатата, бидејќи ќе биде врз основа на фер критериуми. Со поголема наплата и „Комунална хигиена“ ќе може полесно да функционира, смета Шапуриќ.

Директорот Дочи се согласува со воведувањето на категоризацијата на создавачите на отпад и најавува дека веројатно наскоро ќе биде реализирано и тоа. Сепак, за поорганизирано собирање на отпадот ќе се почекаат новите возила, бидејќи јавното претпријатие моментно со 15 возила за празнење контејнери и 7 за пластични канти, секој ден изнесува по 500 тони ѓубре во депонијата „Дрисла“.


#
Статијата е прочитана 345 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 04.07.2010 09:40:48
Vo pravo e Sapuric,po koj osnov da plakame plus za cistenje na ulicite,stramota,a Komunalna Higiena,ke zemaat plati i ke lezat,Gradot im kupuva vozila,im dava subvencii,pa i graganite plus-e toa nema smisla,pa so civi pari gradot kupuva,i dava subvencii-so nasite!!!!!!!!!!!!!!,Po cena da plakam kazni,taa stavka nema da ja plakam i ke se zalam kaj Narodniot Pravobranitel

Најди! во Утрински
Скопје
Битолски визии за новата ограда на „Гоце Делчев“
Ученици ќе штедат енергија