Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Битолски визии за новата ограда на „Гоце Делчев“

Оградата ќе била челична, со впечатливи канделабри и без скулптури

Челична ограда во делови изведена во полукружни форми, со украсни впечатливи канделабри и без скулптури. Вака ќе изгледа новата ограда на мостот „Гоце Делчев“, за која идејното решение го сработиле Михајло Драгановски и Јован Радевски од Битола. Нивната идеја за изгледот на оградата на мостот, кој ќе биде чуван од четири лава, е избрана дури во четвртиот обид на градот откако на претходните три јавни повици ниту едно од решенијата не ги исполнуваше бараните критериуми, првенствено во однос на статиката.

Градските власти демантираат дека оградата ќе има антички примеси за да претставува целина со античките и со египетски лавови што треба да се постават на влезовите на мостот.

Од Градот Скопје велат дека деновиве ќе го потпишат договорот со авторите, по што ќе следува втората фаза од постапката, нарачка на идеен и изведен проект.

„Очекуваме за три до четири месеци да заврши изработката на проектот, па тогаш и начелно ќе можеме да процениме колку ќе чини изведбата на оградата“, дополнија вчера од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.

Оттаму уверуваат дека пари за реализација на проектот имаат, но поради процедурите до изборот на изведувачот, работите на терен, најверојатно, ќе почнат в година. Тогаш се очекува да стартува и изградбата на новите огради и илуминацијата за мостовите кај „Холидеј ин“ и за оној кај Народна банка.

За нив моментно се работат идејните проекти на истите автори, според чии идејни решенија се гради и музејот на ВМРО и се лијат два од четирите лава наменети за мостот „Гоце Делчев“. И овие огради, според неодамнешните изјави на Трајановски, ќе бидат изведени од челична конструкција со мотиви од македонскиот фолклор и ќе имаат впечатливи канделабри. (Дс.Т.)








#
Статијата е прочитана 873 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Градските улици да не се метат со пари од граѓаните
Ученици ќе штедат енергија