Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Ученици ќе штедат енергија

„Енергија, клима и животна средина“ е насловот на проектот што ќе се реализира во седум основни училишта во Општина Аеродром. Девет месеци учениците со наставници што предаваат природни науки ќе се обучуваат како да подготвуваат проекти за штедење енергија.

Наставниците ќе имаат на располагање апликативни алатки за подобрување на квалитетот на наставата по природните науки, додека учениците ќе одат на дополнителни часови на кои ќе научат многу повеќе за проблемите од областа на животната средина.

Преку овој проект училиштата ќе се подготват за вклучување во меѓународниот конкурс за ученички проекти од областа за заштеда на енергија, во рамките на училишниот проект за употреба на енергија и ресурси (СПАРЕ).

Со тоа и ќе се вклучат во меѓународната СПАРЕ-мрежа на училишта и ќе добијат пристап до најдобрите практики при спроведувањето на наставните содржини од областа на животната средина. На тој начин глобалните прашања ќе се трансформираат во практични активности на учениците и на граѓаните. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 266 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Градските улици да не се метат со пари од граѓаните
Битолски визии за новата ограда на „Гоце Делчев“