Број 3257  среда, 14 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонскиот катастар - лидер во регионот

Задоволна од реформите, Светска банка ќе додели уште девет милиони евра помош за Катастарот

Миркица Поповиќ

Катастарот на недвижен имот и регистрација е добитник на награда од Светска банка за проекти што влијаат на подобрувањето на животот на граѓаните. Овој проект е еден од дванаесетте добитници во трката на 282 проекта од 30 држави од Европа и од Централна Азија. Македонија е единствена држава од Западен Балкан што е добитник на награда од ваков вид. Претставникот на Светска банка во Македонија Маркус Репник нагласи дека наградата за овој проект, финансиран од Светска банка, а поддржан од шведската агенција за развој и од владите на Холандија и на Јапонија, е доказ за доброто партнерство меѓу државата и Светска банка.

Критериумите за избор на проект, според Репник, се иновативност и резултати, а трите главни постигнувања се покриеност на катастарот на недвижен имот, зголемување на бројот на трансакции со недвижен имот и намалување на времето што е потребно за справување со трансакциите. „Околу 98 отсто од државата е покриена со катастар, бројот на трансакциите е двојно зголемен, од 50.000 на 100.000 само во 2009 година, додека, пак, времето за запишување на трансакциите е намалено од 60 на пет дена“, истакна Репник, наведувајќи дека државата во моментов е лидер во регионот во реформите на Катастарот за недвижен имот.

Министерот за финансии Зоран Ставрески најави дека поради успешните резултати Светска банка ќе и' додели на Македонија дополнителни девет милиони евра за реализација на натамошните реформи во Катастарот, подобрување на услугите преку дигитална надградба на националните бази на податоци и помош за управата за имотно-правни односи. Односно за поддршка на процесот за приватизација на урбаното земјиште и подобрување на капацитетот на управата. „На овој начин ќе се овозможи поголема правна сигурност преку целосни и ажурирани дигитални податоци. Тоа ќе биде во функција и на локалниот економски развој, но и на вкупниот економски развој, бидејќи ќе овозможи привлекување инвеститори во државата“, истакна Ставрески.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижен имот Љупчо Георгиевски истакна дека во завршна фаза е електронскиот катастар. Тој очекува до 2011 година електронскиот катастар ќе функционира целосно низ целата држава. „Водење електронска евиденција значи решавање на предмети по редослед, а не преку ред“, рече Георгиевски, нагласувајќи дека на овој начин специфични предмети нема да може да се одолговлекуваат и да се ставаат во фиока. Преку шалтерот за информации електронски за секој предмет ќе се знае за колку дена ќе мора да се реши, а максимумот е 15 дена.


#
Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар

Од: dobronamernik
Датум: 14.04.2010 08:59:05
Ima napredok, ama sigurno ne tolkav kako sto e prikazan. Koj ne veruva, neka gi prasa gragjanite vo Radisani, vo Bardovci itn. Ima nevideni problemi. Dopolnitelnite 9 milioni evra od Svetska banka se pomos = donacija, ili se kredit?
Од: snajper
Датум: 14.04.2010 10:32:33
lider vo poddrskata na kriminalot, nivni sluzbenici so lisici priveduvani za kriminalna nacionalizacija, a potoa nagradeni so stipendii za nivnite deca.
Од: dara bubamara
Датум: 14.04.2010 12:37:08
Znae li nekoj sto znaci zborot „lider„
Од: В. Кратовалиев
Датум: 14.04.2010 14:10:41
Пример, но и стимул за сите други владини институции, кои прават сериозни напори, корупцијата, јавашлукот и неработењето да биде минато и остане спомен за работата на некои други влади.
Од: tomo
Датум: 14.04.2010 14:15:35
Da, da, lider u regionot ama vo MITO I KORUPCIJA I KRIMINAL!

Најди! во Утрински
Економија
Новиот попис ќе чини двојно повеќе од претходниот
Во Јегуновце се загреваат печките
„Агрокор“ ќе почне со изградба на агроберза
Грција пушти во оптек нови државни обврзници од 1,2 милијарди евра
Германските фирми се' повеќе инвестираат надвор